Вести 21 Mar 12

Oбука за заштита на сведоци во Босна и Херцеговина

Највисокото судско тело во Босна и Херцеговина организира серија работилници за обука на локалните обвинители и судии кои работат со заштитени сведоци.

Денис Џидиќ
БИРН
Сараево

Високиот совет на судии и обвинители, ВСОС, донесе упатство наменето за ентитеските судови,  за  Република Српска со српско доминантно население , за Федерацијата на Босна и Херцеговина  со мнозинско муслиманско и хрватско население и за Дистриктот Брчко, за да ги подготви за работа со заштитените сведоци во судењата за воени злосторства .

Според босанската национална стратегија за процесирање на воените злосторства, која беше усвоена од страна на Советот на министри во 2008 година, ентитетските судови ќе треба да се справат со голем број случаи на воени злосторства, а преку нив и со заштитените сведоци, објаснуваат од ВСОС.

Најсложените случаи на воени злосторства, според стратегијата, треба да бидат процесирани во рок од седум години, а останатите, помалку сложени, во рок од 15 години.

Овие случаи ќе бидат распределени меѓу државниот суд и судовите на ентитетите . Пред Судот на Босна и Херцеговина ќе се обработуваат  најсложените случаи, кои се приоритет, а останатите пред ентитетските судови.

До денес, пред ентитетските судови речиси и да немало судење во кое се инволвирани заштитени сведоци.

Упатствата за работа со заштитените сведоци, кои ги донесе ВСОС, поставува  правила што сите обвинителите и судиите ќе треба да ги следат.

На работилницата која на 20 и 21 март се одржува во Сараево, повеќе од 40 обвинители, судии и претставници на невладини организации имаат можност да поминат низ „симулација на судење“  со заштитени сведоци.

Обвинителите и судиите ќе се запознаат со методите на сослушување на заштитените сведоци, при што нивниот идентитет се чува во тајност пред оние кои присуствуваат на сослушувањата.

Тие исто така ќе научат како внимателно да се справат со ранливите заштитени сведоци, како што се жртвите на силување.

ВСОС, со помош на Европската унија, во моментов го финализира и проектот за подобрување на инфраструктурата на десет ентитетски судови.

Оваа програма опфаќа реконструкција на судниците, поставување на аудио и видео надзор, изградба на посебни простории за заштитените сведоци и опремување со друга модерна опрема.

blog comments powered by Disqus