Бидејќи владата на Србија до среда не успеа да го продолжи мандатот на сегашната Комисија за азил, во оваа држава сега нема кој да одлучува за барањата за азил.
![]() |
| Баратели на азил во Бања Ковиљача | Фото: Бета |
Иако мандатот на Комисијата за азил истече на 17 април, Владата ниту именува нови членови, ниту покажа намера за продолжување на мандатот на сегашните членови.
„Сега е можно само да се продолжат сегашните мандати, бидејќи нови членови може да назначи само нова влада што ќе биде формирана по изборите“, изјави Мирослава Јелачиќ, портпарол на невладина организација “Група 484“, која се занимава со прашањата за азил.
Организациите за човекови права минатата недела ја повикаа Владата да го продолжи мандатот на Комисијата, но се очекува таа допрва да одговори позитивно на нивниот повик.
„Кога мандатот на старите членови на Комисијата истекува, Владата е должна да назначи нови, затоа ја повикуваме да го стори тоа и на тој начин да осигура почитување на уставното право на азил“, се вели во соопштението.
Според сегашниот Закон за азил, член на Комисијата може да биде дипломиран правник, со најмалку 5 години искуство во решавање на прашањата за човековите права.
Србите се инаку на врвот на листата на баратели на азил во светот, но во исто време се зголемува и бројот на лица кои бараат азил во Србија.
До српската влада, меѓу 1 Јануари и 31 мај минатата година, биле испратени вкупно 976 барања за политички азил, пет пати повеќе отколку во текот на истиот период во 2010 година, вели најновиот извештај на УНХЦР посветен на барателите на азил.
Српскиот центар за заштита и помош на барателите на азил проценува дека во 2011 година, азил побарале околу 2800 лица.
Според Центарот, поголемиот дел од оние кои бараат азил, се обично лица од третите земји во светот, како што е Авганистан, Пакистан, или Либија, кои во Србија бараат азил за да ја избегнат тешката економска и политичка ситуација во нивните матични држави.
Бања Ковиљача и Боговаѓа, во моментов се единствените прифатни центри за барателите на азил во Србија.
Постапката за барање азил во Србија има повеќе чекори. Кога мигрантите ќе ја поминат границата со Србија, тие прво мораат да побараат азил од официјалното лице на Министерството за внатрешни работи, со кое прво стапиле во контакт. Потоа добиваат потврда дека поднеле барање за азил и дури потоа се испраќаат во прифатниот центар.
This article is Premium Content. In order to gain access to it, please login to your account below if you are already a Premium Subscriber, or subscribe to one of our Premium Content packages.
Our Premium Service gives you full access to all content published on BalkanInsight.com, including analyses, investigations, comments, interviews and more. Choose your subscription today and get unparalleled in-depth coverage of the Western Balkans.
If you have trouble logging in or any other questions regarding you account, please contact us