About

Документарниот филм на БИРН „Луѓето не се штркови“, говори за жителите на две села, од двете страни на границата помеѓу Србија и Хрватска, кои војната ги натерала да ги заменат своите домови, во обид да ги спасат своите животи.

Имено, во 1992 година, по избувнувањето на војната во поранешна Југославија, Србите и Хрватите, кои живееја во селата Кула во Хрватска и Хртковци во Србија, станаа жртви на „хумана преселба“, која, всушност, во виорот на војната, беше принудна размена на населението од овие две села.

Документарниот филм на БИРН „Луѓето не се штркови“, ги следи животните приказни на двајца селани. Горан Трлаиќ, кој во 1992 година го напуштил селото Кула и заминал во Хртковци и Стјепан Роланд, кој од Хртковци, заминал во Кула.

Пред почетокот на војната во 90-тите години, хрватското село Кула било претежно населено со Срби, а српското село Хртковци, со Хрвати.

Жителите на овие села, од крајот на Втората светска војна, живееле во мир и единство – сѐ до првите повеќепартиски избори во 1990 година, кога на власт доаѓаат националистите, а малцинствата стануваат непожелни.

Серија на инциденти и закани, иницирале верижна реакција на размена на имотите меѓу жителите на Кула и на Хртковци, кои барале безбедно место за живеење.

Филмот „Луѓето не се штркови“, прикажува како присилната размена на население меѓу Хрватска и Србија, оставила трајни последици врз животот на обичните луѓе. 

Trailer

Crew

Режисер: Јанко Баљак

Новинари: Драго Хедл (Хрватска), Маја Живановиќ и Ивана Николиќ (Србија)

Продукција: БИРН

Директор на фотографија: Јован Милинов САС

Снимател: Бојан Ѓуришиќ

Монтажер: Немања Бабиќ

Графички дизајн и анимација: Јелена Санадер

Композитор и дизајнер на звук: Јања Лончар

Мастеринг: Постпродукција McGuffin

Превод на англиски јазик: Звонимир Иванов

Редактор за англиски јазик: Метју Колин

Возач: Борислав Живин