how-ex-yugoslav-states-funded-war-crimes-defendants-1
Резиме

Како поранешните југословенски држави ги финансирале обвинетите за воени злосторства

Поранешните југословенски држави потрошиле речиси 40 милиони евра јавни средства за поддршка на осомничените за воени злосторства, во судските процеси пред Хашкиот трибунал, покажува истрагата на БИРН.

босна-и-херцеговина-етничката-политика-ги-диктира-исплатите

Босна и Херцеговина: Етничката политика ги диктира исплатите

Босанските Срби осомничени за воени злосторства добиле 640.000 евра државни пари, плус дополнителни средства од приватни фондови, додека Бошњаците и босанските Хрвати не добиле ништо.

хрватска-поддршка-за-генералите-на-татковинската-војна

Хрватска: Поддршка за генералите на татковинската војна

Хрватска потрошила повеќе од 28 милиони евра за одбрана на тројца генерали, обвинети за воени злосторства, додека уште повеќе пари беа обезбедени од приватен фонд за нивна поддршка.

косово-сомнителните-фондови-предизвикаа-стравувања-од-корупција

Косово: Сомнителните фондови предизвикаа стравувања од корупција

Повеќе од 1.700.000 евра беа обезбедени од приватни фондови за поддршка на обвинетите за воени злосторства од Косово во Хаг, но, тие никогаш јавно не обелоденија, како точно парите се потрошени.

македонија-исплати-под-превезот-на-тајната

Македонија: Исплати под превезот на тајната

Владата на Македонија одби да каже колку потрошила за поддршка на двајцата нејзини обвинети за воени злосторства, но, проценките добиени од функционери и инсајдери, велат дека се работи за сума од околу 9.500.000 евра.

infografika-sredstva-koje-su-države-bivše-jugoslavije-potrošile-na-haške-optuženike-po-zemljama-1

Илустрација за секоја држава посебно во врска со парите што поранешните југословенски земји ги потрошиле за лицата обвинети од Хашкиот Трибунал

Балканската истражувачка мрежа дојде до сознанија дека пет поранешни југословенски земји, Босна и Херцеговина, Хрватска, Косово, Македонија и Србија, потрошиле речиси 40 милиони евра јавни средства за поддршка на осомничените за воени злосторства, пред Хашкиот трибунал.

србија-поддршка-за-обвинетите-босански-срби

Србија: Поддршка за обвинетите босански Срби

Белград потрошил околу 1,7 милиони евра за поддршка на своите обвинети пред Хашкиот трибунал, но, добар дел од овие пари, всушност, одат за офицерите на војската на босанските Срби, што имаат српско државјанство.