Вести 02 Oct 17

Отфрлена тужбата на потомците на жртвите од Втората светска војна против Хрватска

Судот во Чикаго ја отфрли тужбата на потомците на жртвите од Втората светска против Хрватска, случај кој беше проследен со наводи за кражба на идентитет, бидејќи адвокатот на тужителите не се појави пред судот.

Свен Милекиќ
БИРН
Загреб
Усташите водат Срби на егзекуција во 1942 година. Фото: Викимедиа комонс

Окружниот суд во Чикаго го отфрли случајот „Лалиќ и др.“ против Хрватска, откако нивниот американски адвокат, Антони Д‘Амато, не се појави во судот.

Претседателот на судскиот совет, Хорхе Л. Алонсо, го отфрли случајот во четвртокот, бидејќи Д‘Амато, до 25 септември – рок кој судијата го даде на последното рочиште одржано на 31 август – не контактирал за да „го организира своето присуство на статусното сослушување по телефон“.

Да потсетиме, во март, весникот „Вечерњи лист“, објави дека тужбата, во април 2016 година, ја поднеле потомците на хрватските Срби, Евреи и Роми, Лизабет Лалиќ, Младен Ѓуричиќ, Роберт Предраг Гаковиќ, Вељко Миљуш, Богдан Кљаиќ, Давид Леви и Даниел Пјевиќ.

Но, американскиот адвокат, Џонатан Леви, кој ги застапува Лалиќ, Кљајиќ и Пјевиќ, наведува дека тужбата е поднесена без нивна согласност, имплицирајќи дека е украден нивниот идентитет.

Леви за БИРН изјави дека и покрај отфрлувањето на тужбата, тој ќе покрене свој случај против Д‘Амато пред Адвокатската комора во Њујорк, сѐ додека не му биде одземена дозволата заради, наводно, лажна тужба и кражба на идентитетот.

Д‘Амато, минатата година упати слично обвинение против Унгарија, во име на унгарските Евреи, жртви на холокаустот.

Disqus

blog comments powered by Disqus

Најнови наслови

Дневен преглед