Вести 16 Jan 18

Оливер Ивановиќ убиен во Митровица

Водачот на косовските Срби, Оливер Ивановиќ, е убиен во Митровица, потврдија за БИРН три независни извори.

Маја Живановиќ БИРН Белград

Оливер Ивановиќ. Фото: Бета

Шиќири Сила, главен обвинител на Основното обвинителство во Митровица, за БИРН потврди дека Оливер Ивановиќ починал, откако во вторникот, пред седиштето на неговата партија, во него биле испукани четири куршуми.

Смртта на Ивановиќ ја потврдија уште два извора.

Полицијата на Косово досега не објави никакво соопштение.

На Ивановиќ, поранешен претставник на Владата на Србија и лидер на политичката партија „Слобода, демократија и правда“, му се судеше за воени злосторства, бидејќи наводно дал наредба за убиство на Албанци во Митровица, во 1999 година.

Прочитајте:

Оливер Ивановиќ: Карате мајсторот поразен на суд

Disqus

blog comments powered by Disqus