Вести 14 Nov 17

Е-книга на БИРН за судењето на Ратко Младиќ

Во пресрет на изрекувањето на пресудата на Ратко Младиќ, поранешен командант на Војската на Република Српска (ВРС), обвинет за воени злосторства, кое е најавено следната седмица, БИРН сите свои извештаи за овој случај, ги преточи во е-книга, која може бесплатно да се преземе.

БИРН
 
Насловната страница на е-книгата  

„Ратко Младиќ: Од генерал до обвинето лице“ е насловот на е-книгата на БИРН објавена во вторник, во пресрет на изрекувањето на пресудата на поранешниот командант на ВРС, закажано за 22 ноември.

Е-книгата, која може бесплатно да биде преземена, ги содржи сите извештаи на БИРН за овој случај, од моментот кога Младиќ беше есктрадиран во Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија (МКТЈ) во Хаг, за да се соочи со обвиненијата, до неодамнешното барање на неговата одбрана, изрекувањето на пресудата да се одложи, поради неговата лоша здравствена состојба.

„Нашите новинари го следеа секое рочиште на ова историско судење во изминатите шест години. Ние, исто така, редовно известувавме и за настани надвор од судницата, кои беа релевантни за овој случај“, вели Марија Ристиќ, директорка на програмата на БИРН, Балканска транзициска правда.

„Во пресрет на пресудата чие изрекување е закажано следната недела, веруваме дека оваа е-книга може да биде вреден ресурс за секој кој е заинтересиран, на едно место, да ги добие сите факти за овој важен процес”, додаде таа.

Е-книгата содржи повеќе од 500 текстови, објавени на повеќе од 600 страници.

„Оваа бројка ја покажува комплексноста на овој случај”, истакнува Ристиќ.

Судењето на Младиќ, кое започна во 2012 година, траеше 530 дена. Во тој период беше сослушан 591 сведок, од кои 377 се појавија во судот.

Младиќ е обвинет за геноцид извршен во 1995 година над повеќе од 7.000 мажи и момчиња, Бошњаци, од Сребреница, за прогон на Бошњаците и Хрватите низ Босна и Херцеговина, кој, наводно, во неколку општини, во 1992 година, достигнал ниво на геноцид, за тероризирање на граѓаните на опколено Сараево и за земање на припадници на мировните сили на ООН, како заложници.

Според обвинението, Младиќ ја користел воената сила за спроведување на заеднички злосторнички потфат, предводен од политичкото раководство на босанските Срби и поранешниот претседател на Република Српска, Радован Караџиќ, со цел создавање на држава со српска доминација.

Младиќ, кој денес има 74 години, негираше дека извршил геноцид, воени злосторства и злосторства против човештвото.

За да ја преземете е-книгата кликнете овде.

Disqus

blog comments powered by Disqus

Најнови наслови

Позадина

Ратко Младиќ: Од надежен офицер до крвав воен лидер

Кога Младиќ наредил неговата војска да ги бомбардира граѓаните на Сараево „додека не полудат“, тој ги открил убиствените намери што ќе кулминираат со масакрот во Сребреница.

Обвинението против Ратко Младиќ

Обвиненијата од 1995 и 2000 година, дополнително изменети во 2002 и 2010 година, го товарат поранешниот командант на Војската на Република Српска за геноцид и други злосторства.

Дневен преглед