Интервју 25 Jun 13

Еден поинаков вид на сеќавање

Балканските земји треба да развијат култура на одбележување на сеќавањата, при што различни етнички групи, освен сопствените, ќе ги признаат страдањата и на другите, вели истражувачот од Сараево, Николас Мол.

БИРН
Историчарот Николас Мол | Фото: Николас Мол

БИРН: Различни групи често сакаат да гичествуваат само своите воени херои или своите жртви. Што е проблемот со ова?

Николас Мол: Најголемиот дел од спомениците во современите општества, не само на Балканот, чествуваат само една група, една етничка, национална, социјална и политичка група - група што во моментот е доминантна во општеството. Ова не е само по себе проблем. Тоа станува проблем ако оваа култура на одбележување на сеќавањата станува ексклузивна и доколку се одбележува сеќавањето само на сопствените херои и / или жртви, при тоа никогаш не признавајќи го страдањето на другите.

Во поствоените општества, често, сеќавањето на јавноста долго време се фокусира само на сопствената доминантна група, не признавајќи ги злосторствата што биле извршени од страна на сопствена група, ниту жртвите на овие злосторства. Ќе кажам еден пример, поминаа неколку децении пред Германија да почне официјално да ги чествува еврејските жртви на нацизмот.

Моментално на Балканот, како и во другите пост-воени општества, секоја група главно ги одбележува своите жртви и херои, но, постојат охрабрувачки знаци на еволуција и покрај фактот што поминаа само 15 години од војните во 90-тите: еден таков пример е проектот на општина Сараево за изградба на споменик на локалитетот Казани посветен на српските цивили што беа убиени на ова место, од страна на бошњачки паравоените групи, за време на опсадата на Сараево.

Неколку влади во регионот немаат службена евиденција колку споменици биле изградени по војната или колку тоа ја чинело јавноста. Дали ова, во огромни размери, нерегулирно градење на споменици е загрижувачко?

Ситуацијата, во различни делови на Балканот е поинаква, во Хрватска имаме, за пример, еден тип на стандардизиран официјален споменик, подигнат во чест на цивилните жртви на татковинската војна, споменикот во Овчара, на пример, припаѓа на овие стандардизирани споменици. И во Босна и Херцеговина имаме  “серија“ на стандардизирани споменици, на пример, поставените бели спомен плочи во Сараево посветени на лицата што загинале за време на гранатирањето на градот додека бил под опсадата, но, во целина ситуацијата е многу нерегулирана.

Не сум сигурен дали најсоодветно решение, во регулирањето на изградбата на споменици, би била повеќе директната интервенција на државата, освен ако таа применува  демократските стандарди. Бидејќи спомениците се симбол поставен и видлив на јавен простор, мислам дека најдобро ќе биде да се дефинираат механизми според кои спомениците ќе се поставуваат како резултат на транспарентна и демократска дискусија и процес на преговори во кој ќе бидат вклучени експерти, локално заинтересирани страни, здруженија на жртви и други организации на граѓанското општество.

Каква улога играат спомениците во проектите за изградба на нацијата?

Спомениците се тесно поврзани со процесите на современа изградба на нацијата или воопштено кажано со процесите за градење на групниот идентитет. Тие се една од алатките на мемориската политика, со различни мемориски претприемачи, политички и општествени чинители, како што се владините структури, политичките партии, различни интересни групи и интелектуалци, чија употреба има за цел изградба на колективна приказна за минатото, со цел да се поддржи легитимизацијата на политичката акција, цементирање на групната кохезија и развој на колективниот идентитет.

Затоа спомениците често се користат и во одредени политички цели. Во врска со ова, важно е граѓаните да задржат критичка дистанца кон спомениците и секогаш да се борат, спомениците да не бидат места за идеолошки изјави, туку места за размислување, едукација и дискусија.

Дали спомениците можат да помогнат во промовирање на помирувањето?

Голем број споменици, не само на Балканот, туку и во сите современи општества, не се наменети за промовирање на помирувањето, туку за промовирање на сеќавањата на една специфична група. Не треба да очекуваме премногу од спомениците. Но, може да очекуваме дека спомениците барем нема, процесот на помирување и градење на мирот, да го направат уште потежок.

Исто така, ако за повеќето споменици поврзани со војната, првично не се размислувало како за места на помирување, тие сепак можат да станат такви места на пример, преку посетите. Да земеме два примера: кога Борис Тадиќ и Иво Јосиповиќ заедно ја посетија Овчара, во тој момент Овчара стана место на помирување, а кога Иво Јосиповиќ отиде во Ахмиќи и им се поклони на бошњачките жртви што беа убиени од Хрватите во 1993 година, во тој момент и Ахмиќи стана место на помирување.

Николас Мол, е доктор по современа историја и независен истражувач и хонорарен консултант и тренер во областа на справување со минатото. Тој живее во Сараево од 2007 година.

 

Disqus

blog comments powered by Disqus

Во слики

поствоените-споменици-на-балканот

Поствоените споменици на Балканот

Фотографот Марко Кројач минал години патувајќи низ поранешна Југославија и документирал речиси 1.000 споменици. Овој избор од неговите слики вклучува повоени статуи и споменици подигнати во чест на герилски борци, жртви на геноцид, историски херои, холивудски актери, па дури и една конзерва со говедско месо.

Галеријата на споменици е направена во соработка со forumZFD

...