Што е транзициска правда?

Транзициската правда оди многу подалеку од судницата, бидејќи нејзината основна цел е преку вистината и напорите за помирување да се изгради одржлива, мирна демократија.

Денес,  транзициската правда често се заменува со меѓународната правда  и кривичното гонење. Меѓутоа, како што покажува овој проект , транзициската правда  има подалекусежни цели, а не само процесуирање на сторителите.

Нејзината основна цел е изградба на траен мир и помагање во демократизацијата преку општествени заздравувања и  напори за помирување.

 

Според Меѓунарoдниот центар за транзициска правда , транзициската правда вклучува:

• приведување на лицата одговорни за кршења на  човековите права во изминатиот период,   преку  казнени постапки и  вон судски истраги (преку разни механизми за барање на вистината)

• обезбедување репарации за жртвите и на некој начин, задоволување на нивните потреби 

• трансформација на безбедносните системи, кои ќе одговараат на барањата за санкционирање на кршењата на човекови права во минатиот период и потенцијално одстранување на сторителите на воени злосторства од јавната администрација

• реформа на јавната администрација, со цел да се спречи повторното кршење на човековите права.

Покрај тоа, транзициската правда има и широк спектар на механизми за барање на вистината, како што се истражувачки иницијативи, комисии и центри за документирање.

Транзициската правда на тој начин создава  нови правци, далеку од  предходните кога се кршеа човековите правата и создава  стабилен  демократски режим врз основа на вледеење на правото.

Транзициската правда во поранешна Југославија

Во поранешна Југославија, тежината на кршење на човековите права,  воглавно  ја одредуваше Меѓународниот кривичен суд за поранешна Југославија (МКСЈ), а подоцна и локалните обвинители за воени злосторства.

Според МКСЈ преку 130.000 лица во поранешна Југославија, во текот на '90 тите го изгубиле својот живот и своите домови. Потребата овие недела да се пресметаат  е огромна, со оглед на природата на конфликтот и дискусијата која се води во врска со причините и развојните насоки на војната.

Напорите на транзициската правда во поранешна Југолавија, на почетокот беа спори и концентрирани на  процесуирање на воените злосторства. Обимни обвиненија во БиХ се подигнати пред судовите на кантонално и општинско ниво, а од 2005 год., со негово етаблирање, и пред Судот за воени злосторства  на Босна и Херцеговина.

Во другите поранешни југословенски земји напредокот е побавен и не толку значаен. Хрватска во 2003 год. воспостави специјализирани одделенија за  справување со  случаите на воени злосторства, а Србија, истата година, оддел за воени злосторства во Окружниот Суд во Белград, но тој се соочува со многу предизвици, како што е заплашувањето на сведоците.

Заплашувањето на сведоците, кога станува збор за предметите кои се процесуирани од страна на МКСЈ и за истрагите покренати во 2000-та од страна на меѓународните обвинители, е особено сериозен проблем на Косово, .

Неодамна, покрај судските механизми за барање на правдата, во регионот се покренати и механизми за воспоставување локални центри за потрага по вистината, регионална комисија за барање на вистината РЕКОМ и неколку иницијативи за утврдување на фактите преку разни истражувања и центри за документација.

Лустрацијата и репарацијата се ставени на домашен дневен ред, меѓутоа прогресот на тој процес е многу спор. Затоа е многу важно да се обезбеди континуирано известување за напорите на транзициската правда од страна на медиумите во земјите на поранешна Југославија и да се информира, како домашната,  така и меѓународната јавност за напредокот во оваа област.