косово-чување-на-предметите-на-жртвите-од-војната-10-24-2017
25 Oct 17 Косово: Чување на предметите на жртвите од војната

Облеката која им припаѓала на жртвите од војната и нивните други лични предмети, кои од 2003 година, се чуваат во Институтот за судска медицина, по притисокот овие предмети да бидат сочувани, се префрлаат на подобра локација.

Повеќе
израел-испрати-протестна-нота-до-бих-поради-име-на-основно-училиште-10-24-2017
24 Oct 17 Израел испрати протестна нота до БиХ поради име на основно училиште

Како што соопшти Амбасадата на Израел, именувањето на едно сараевско училиште по писателот и борец од Втората светска војна, Мустафа Бусулаџиќ, кој се смета за антисемит, е „несреќен чин“, што ја загрозува мултиетничка Босна и Херцеговина.

Повеќе
споменик-на-ѓинѓиќ-предизвика-спор-во-србија-10-23-2017
23 Oct 17 Споменик на Ѓинѓиќ предизвика спор во Србија

Намерата на градските власти на Белград, да подигнат споменик во знак на сеќавање на поранешниот српски премиер, Зоран Ѓинѓиќ, кој беше убиен во 2003 година, предизвика расправа меѓу владините противници.

Повеќе
спор-помеѓу-србија-и-хрватска-поради-споменикот-на-милан-тепиќ-10-03-2017
03 Oct 17 Спор помеѓу Србија и Хрватска поради споменикот на Милан Тепиќ

Веќе четири дена трае дипломатскиот спор помеѓу Србија и Хрватска, до кој дојде кога во Србија беше откриен споменик на југословенски мајор, кој во војната, во 1991 година, се разнел со експлозив, за да не падне во рацете на хрватските сили.

Повеќе
револт-поради-името-на-спортска-сала-во-сараево-09-28-2017
28 Sep 17 Револт поради името на спортска сала во Сараево

Советниците на сараевската општина, Ново Сараево, се најдоа под критика, поради одлуката, новата спортска сала во оваа општина, да го носи името на општината, наместо името на поранешниот сараевски ракометар, Горан Ченгиќ, кој бил убиен во 1992 година, бидејќи се обидел да го спаси својот сосед.

Повеќе
улици-низ-цела-поранешна-југославија-и-денес-го-носат-името-на-тито-09-04-2017
05 Sep 17 Улици низ цела поранешна Југославија и денес го носат името на Тито

Италијански истражувач креираше мапа на Гугл, која покажува дека во државите на поранешна Југославија, името на југословенскиот претседател, Јосип Броз Тито, сè уште го носат 276 плоштади, улици и ривиери.

Повеќе
хрватска-им-оддаде-почит-на-жртвите-на-тоталитарните-режими-08-23-2017
23 Aug 17 Хрватска им оддаде почит на жртвите на тоталитарните режими

Хрватските власти го одбележаа Европскиот ден на сеќавање на жртвите на сите тоталитарни и авторитарни режими, при што ги посетија местата на кои биле извршени некои од најтешките убиства, како и локациите на дел од поранешните логори.

Повеќе
комеморација-за-жртвите-на-масакрот-извршен-на-кориќански-карпи-08-21-2017
21 Aug 17 Комеморација за жртвите на масакрот извршен на Кориќански карпи

Стотици луѓе, меѓу кои и членови на семејствата на жртвите, преживеани лица и активисти, присуствуваа на комеморацијата што во понеделник се одржа во чест на 200 жртви, мажи од бошњачка и хрватска националност, кои силите на босанските Срби ги убија во 1992 година, на локалитетот Кориќански карпи, кој се наоѓа на планината Влашиќ, во Босна и Херцеговина.

Повеќе
знс-бара-истрага-за-новинарите-убиени-во-косово-08-21-2017
21 Aug 17 ЗНС бара истрага за новинарите убиени во Косово

Здружението на новинари на Србија (ЗНС), за време на одбележувањето на 19-годишнината од исчезнувањето на двајца српски радио новинари во Косово, побара покренување на нова истрага за нивната смрт, но и за судбината на другите киднапирани и убиени новинари во Косово.

Повеќе
бих-25-години-од-затворањето-на-логорот-омарска-08-04-2017
04 Aug 17 БиХ: 25 години од затворањето на логорот Омарска

Овој викенд ќе биде одбележана 25-годишнината од почетокот на распуштањето на затворениците од логорот Омарска, кој го водеа босанските Срби во Приедор.

Повеќе
член-на-хдз-упатил-закани-до-невладина-организација-08-01-2017
01 Aug 17 Член на ХДЗ „упатил закани” до невладина организација

Невладината организација, Младинска иницијатива за човекови права, соопшти дека добила закани од член на Хрватската демократска заедница, ХДЗ, поради кампањата што ја води, со која од хрватската влада бара да им се извини на српските жртви на воената операција „Бура”, спроведена во 1995 година.

Повеќе
хрватски-бранители-попречија-комеморација-во-чест-на-убиени-српски-цивили-07-31-2017
31 Jul 17 Хрватски бранители попречија комеморација во чест на убиени српски цивили

Група хрватски бранители викаа и ги навредуваа говорниците на комеморацијата што се одржа во хрватскиот град Глина, во чест на цивили од српска националност, кои профашистичкиот усташки режим ги ликвидирал во Втората светска војна.

Повеќе
кампањата-со-која-од-хрватска-се-бара-да-им-се-извини-на-жртвите-на-операцијата-бура--07-25-2017
25 Jul 17 Кампањата со која од Хрватска се бара да им се извини на жртвите на операцијата „Бура“

Невладината организација, Младинска иницијатива за човекови права, започна кампања во Загреб, со која од хрватската влада бара да им се извини на српските жртви на воената операција „Бура“.

Повеќе
црна-гора-најави-отстранување-на-споменик-на-атентатор-07-17-2017
17 Jul 17 Црна Гора најави отстранување на споменик на атентатор

Црногорските власти најавија дека ќе го отстранат контроверзниот споменик на Пуниша Рачиќ, српски националистички пратеник, кој во 1928 година, во тогашното Собрание на Југославија, го убил хрватскиот политичар, Стјепан Радиќ.

Повеќе
поранешни-хрватски-затвореници-планираат-посета-на-српскиот-логор-стаиќево-07-03-2017
04 Jul 17 Поранешни хрватски затвореници планираат посета на српскиот логор Стаиќево

Хрватска и Србија се договорија дека поранешните хрватски затвореници, можат да одржат комеморација во воениот логор во Стаиќево, Србија, иако, како што тврдат поранешните затвореници, Белград го блокира гонењето на лицата, кои во овој логор извршиле злосторства.

Повеќе

Дневен преглед

* Задолжителни полиња
Балканска транзициска правда: дневен билтен
Формат на билтенот