од-лидерите-на-земјите-во-регионот-побарано-формирање-на-комисија-за-вистина-09-22-2017
22 Sep 17 Од лидерите на земјите во регионот побарано формирање на комисија за вистина

До претседателите на земјите од поранешна Југославија беше упатен повик, да го потпишат договорот за формирање на регионалната комисија за утврдување на фактите за воените злосторства и другите повреди на човековите права, РЕКОМ, извршени меѓу 1991 и 2001 година.

Повеќе
отштета-за-жртвите-на-воените-злосторства-во-црна-гора-09-07-2017
08 Sep 17 Отштета за жртвите на воените злосторства во Црна Гора

Жртвите на воените злосторства извршени на територијата на Црна Гора во 90-тите години, ќе добијат околу 1,35 милиони евра компензација од оваа држава, како дел од нејзините напори за исполнување на условите за пристап во ЕУ, кои се однесуваат на правдата.

Повеќе
од-црна-гора-се-бара-да-реагира-поради-споменикот-на-миро-барешиќ-во-хрватска-07-21-2017
21 Jul 17 Од Црна Гора се бара да реагира поради споменикот на Миро Барешиќ во Хрватска

Група црногорски активисти ја критикуваа Владата на Црна Гора, дека не презема ништо за да изврши притисок врз Хрватска за отстранување на споменик на Хрват, кој во 1971 година, убил амбасадор, Црногорец.

Повеќе
црна-гора-најави-отстранување-на-споменик-на-атентатор-07-17-2017
17 Jul 17 Црна Гора најави отстранување на споменик на атентатор

Црногорските власти најавија дека ќе го отстранат контроверзниот споменик на Пуниша Рачиќ, српски националистички пратеник, кој во 1928 година, во тогашното Собрание на Југославија, го убил хрватскиот политичар, Стјепан Радиќ.

Повеќе
нова-кампања-на-коалицијата-за-реком-за-собирање-потписи-за-поддршка-05-10-2017
11 May 17 Нова кампања на Коалицијата за РЕКОМ за собирање потписи за поддршка

Коалицијата на невладини организации кои се залагаат за формирање на Регионална комисија за утврдување на фактите за воените злосторства и други тешки повреди на човековите права извршени во поранешна Југославија, повторно иницира кампања на Балканот.

Повеќе
критика-кон-балканските-држави-врзано-за-враќање-на-одземениот-имот-04-25-2017
25 Apr 17 Критика кон балканските држави врзано за враќање на одземениот имот

Босна и Херцеговина не ги исполнила своите обврски според меѓународната декларација за враќање на имотот запленет за време на Втората светска војна, но и другите балкански земји целосно не се усогласиле со своите обврски.

Повеќе
црна-гора-ќе-му-суди-на-осомничен-за-воени-злосторства-извршени-во-косово-04-20-2017
24 Apr 17 Црна Гора ќе му суди на осомничен за воени злосторства извршени во Косово

Следниот месец во Црна Гора ќе започне судење на поранешен припадник на Војската на Југославија (ВЈ), осомничен за учество во убиство на косовски Албанци, во 1999 година. Ова, после неколку години, е прв судски процес за воени злосторства во оваа земја.

Повеќе
србија-им-оддаде-почит-на-жртвите-на-бомбардирањето-на-нато-а-косово-му-заблагодари-03-24-2017
24 Mar 17 Србија им оддаде почит на жртвите на бомбардирањето на НАТО, а Косово му заблагодари

Србија ја одбележа 18-годишнината од НАТО бомбардирањето на Југославија, со свечена комеморација одржана во Грделичка клисура, местото на кое во 1999 година, авиони на Алијансата нападнаа патнички воз. Официјалните претставници на Косово, пак, изразија благодарност за воената интервенција.

Повеќе
зголемената-југоносталгија-одраз-на-современите-проблеми--03-14-2017
14 Mar 17 Зголемената југоносталгија „одраз на современите проблеми“

Носталгијата по социјалистичка Југославија во некои балкански земји е израз на незадоволството кое постои поради денешните услови за живот, вели за БИРН историчар од Хрватска, кој спроведе истражување на оваа тема.

Повеќе
балканските-лидери-се-откажаа-од-повоената-правда--03-10-2017
10 Mar 17 Балканските лидери „се откажаа од повоената правда“

Процесот на спроведување на правдата за злосторства извршени за време на војните во Југославија, е во застој, поради недостиг на политичка волја, предупредуваат активистите на регионалната комисија за востановување на вистината.

Повеќе
отфрлена-иницијативата-на-месиќ-да-му-се-одземе-титулата-почесен-граѓанин-02-28-2017
28 Feb 17 Отфрлена иницијативата на Месиќ да му се одземе титулата почесен граѓанин

Подгорица го отфрли барањето на опозицијата во градското собрание, на поранешниот хрватски претседател, Стјепан Месиќ, да му се одземе титулата почесен граѓанин, поради неговите контроверзни изјави за концентрациониот логор Јасеновац.

Повеќе
декларација-за-помирување-помеѓу-бошњаците-и-србите-во-црна-гора-02-01-2017
01 Feb 17 Декларација за помирување помеѓу Бошњаците и Србите во Црна Гора

Претставници на Србите и на Бошњаците во Црна Гора, работат на декларација за помирување, во обид да ги премавнат несогласувањата кои предизвикаа нови тензии меѓу двете етнички групи.

Повеќе
повик-до-црна-гора-да-ги-казни-одговорните-за-нападот-на-дубровник-12-06-2016
06 Dec 16 Повик до Црна Гора да ги казни одговорните за нападот на Дубровник

На 25-годишнината од нападот, кој Југословенската народна армија (ЈНА) го изврши на Дубровник, група активисти на невладиниот сектор ги повикаа властите да ги гонат државјаните на Црна Гора, кои учествувале во нападот.

Повеќе
невладина-организација-од-црна-гора-против-отворањето-на-германски-гробишта-11-04-2016
04 Nov 16 Невладина организација од Црна Гора против отворањето на германски гробишта

Група југоносталгичари најави дека ќе поднесе кривична пријава против високи официјални лица на Црна Гора, доколку биде поддржано отварањето на гробиштата на германските војници, што загинале во оваа држава во Втората светска војна.

Повеќе
конференција-на-бирн-обвинителите-за-воени-злосторства-повикаа-на-соработка-09-22-2016
22 Sep 16 Конференција на БИРН: Обвинителите за воени злосторства повикаа на соработка

Обвинителите од Босна и Херцеговина, Хрватска и од Црна Гора, како и од Хашкиот трибунал и Мисијата за владеење на правото на ЕУ во Косово (ЕУЛЕКС), на конференцијата организирана од БИРН изјавиja дека државите во регионот мора да работат заедно на гонењето на воените злосторства.

Повеќе

Дневен преглед

* Задолжителни полиња
Балканска транзициска правда: дневен билтен
Формат на билтенот