По патот на правдата

28 Dec 15 / 10:58:36

Епизода 45

Во овомесечното издание:

Босна и Херцеговина нервозно влегува во 2016 година, по зголемените етнички тензии и контроверзни годишнини што ја одбележаа годината што помина.

30 Nov 15 / 11:14:15

Eпизода 44

Во овомесечната емисија, говориме за тоа:

Кого обвинуваат Косоварите, за неуспехот Косово да стане членка на УНЕСКО, по што Белград освои дипломатска победа над Приштина.

 

02 Nov 15 / 12:08:48

Епизода 43

Во овомесечната емисија говориме:

За причините зошто Србија се противи на барањето за отворање на тајните досиеја од војната во 90-тите;

 

 

 

05 Oct 15 / 11:18:25

Епизода 42

Во овомесечната емисија,

 Говориме за причините за зголемениот број на напади извршени поради омраза, врз поствоените повратници во БиХ.

 

31 Aug 15 / 08:49:57

Епизода 41

Овомесечната емисија, е фокусирана на луѓето што работат на помирувањето

 Ви ја претставуваме жената која на една маса ги седна Србите и Албанците да разговараат за мирот, во поделениот косовски град Митровица

 

03 Aug 15 / 17:42:28

Епизода 40

Во овомесечното издание зборуваме

За вниманието на Хрватите и Србите, свртено кон 20-годишнината од воената операција Бура. Од Загреб и Белград ви носиме извештаи за тоа што им значи оваа операција на војниците и жртвите и зошто Бура и денес ги дели двете држави.

07 Jul 15 / 10:44:37

Епизода 39

Во овомесечното издание

 На 20-годишнината од геноцидот во Сребреница, која се одбележува овој месец, разговаравме со мајка која сè уште трага по останките на својот син, кој починал во масакрите.

01 Jun 15 / 11:24:53

Епизода 38

Во овомесечното издание:

 Ги истражувавме воените корени на исламскиот радикализам во Босна и Херцеговина;

Дознаваме, зошто младите луѓе во Србија, сè уште се дефинираат себеси како партизани или четници;

04 May 15 / 10:45:13

Епизода 37

Во овомесечното издание со нашите прилози фокус ставаме на исчезнатите лица во војните во регионот во 90-тите години:

 Истражувавме, зошто досега никој не е процесиран во Србија, за прикривање на злосторствата во Косово, со спроведување на операција за преместување на останките на стотици убиени Албанци, од Косово, во масовни гробници во Србија.

30 Mar 15 / 15:02:27

Епизода 36

Од Србија прилог за носталгичните приврзаници на Слободан Милошевиќ. Го поставивме прашањето, колку граѓаните на оваа држава се носталгични по времето на неговото владеење.
 

02 Mar 15 / 11:18:25

Епизода 35

Во овомесечното издание:

Говориме за причините поради кои голем број воени ветерани во Босна и Херцеговина, извршиле самоубиство.

02 Feb 15 / 12:12:30

Епизода 34

Во овомесечното издание:

Роднини на жртвите од Косово, прашуваат дали новиот специјален суд поддржан од ЕУ, ќе ги гони и убиствата на политичките активисти извршени за време и по војната.

29 Dec 14 / 12:12:42

Епизода 33

Во овомесечното издание:

За причините, зошто парамилитарците на единицата предводена од озлогласениот српски воен водач, Жељко Ражнатовиќ Аркан, никогаш не биле во затвор за извршените злосторства.

01 Dec 14 / 12:10:46

Епизода 32

Во овомесечното издание истражувавме:

Дали ослободувањето на обвинетиот за воени злосторства Воислав Шешељ ќе ја протресе политичката сцена во Србија.

03 Nov 14 / 12:22:00

Епизода 31

Во овомесечното издание:

Истражувавме, зошто сé уште не се уапсени убијците на двајцата млади војници, што пред 10 години беа убиени во касарната Топчидер во Белград, откако, наводно, таму го виделе Ратко Младиќ, кој се криел на ова место. 

 

За емисијата

Емисијата По патот на правдата е бесплатен производ на БИРН, во рамките на иницијативата "Балканска транзициска правда", финансирана од Европската унија и Министерството за надворешни работи на Швајцарија.

По патот на правдата се фокусира на актуелни вести и информации за судењата за воени злосторства, за напорите на кривичното правосудство и регионалната соработка, за напредокот во процесот на повоеното помирување и многу повеќе.

Оваа 10-минутната емисија, која ќе се емитува еднаш месечно, можете бесплатно да ја емитувате во термин кој Вам ви одговара. Eмисија ќе биде емитувана на босански / хрватски / српски / црногорски, албански и македонски јазик.