За проектот

Балканска Транзициска Правда е регионална иницијатива финансирана од страна на Европската комисија (2012-2014), Федерален оддел на министерството за надворешни работи на Швајцарија и Министерството за надворешни работи, работи на Комонвелтот на Велика Британија и Фондацијата Роберт Бош, која има за цел подобрување на  разбирањето на јавноста за транзициските правни прашања во земјите од поранешна Југославија (Босна и Херцеговина, Хрватска, Косово, Македонија, Црна Гора и Србија).

Проектот, исто така, опфаќа подобрување на состојбата на медиумите преку регионална мрежа, составена од шест локално стационирани и специјализирани новинари –во состав на Transitional Justice Regional Journalistic Team.

Проектот се состои од on line вести-Regional Justice Report-покривање на регионални теми кои се поврзани со воените злосторства-достапни на четири јазика (Албански, Англиски, Босански/Хрватски/Српски/Црногорски и Македонски), Radio Regional Justice кое дава месечни извештаи на три јазика (Албански, Босански/Хрватски/Српски/Црногорски и Македонски) и TV Regional Justice во вид на шест документарни серии и еден филм во кои се следи истражувачката работа на Transitional Justice Regional Journalistic Team.

Проектот -Балканска Транзициска правда на овој начин осигурува, јавноста во Босна и Херцеговина, Хрватска, Србија, Косово, Македонија и Црна Гора, да има слободен и отворен пристап до важни вести и анализи кои се во врска со регионалната транзициска правда како камен темелник за успешна демократија, функционирање на владеењето на правото, почитување на човековите права и постојана и мирна иднина.

Помирувањето со минатото е неопходен предуслов за пост југословенскиот регион, за изградба на стабилна и сигурна демократска иднина.

Иднината на пост југословенскиот регион, како и состојбата во меѓусобните односи меѓу државите, значително зависи од успехот на локалните правосудни институции за  ефикасно и транспарентно решавање на воените злосторства извршени во регионот, казнување на сторителите и добивање правда за жртвите.

Водени од принципот „морков и стап„ на Европската Унија и од ширењето на граѓанскиот општествен сектор, Босна и Херцеговина, Хрватска, Србија, Македонија, Црна Гора и Косово почнаа да се справуваат со последиците кои настанаа како резултат на кршење на човековите права во текот на '90-тите, како резултат на Југословенската војна за поделба.

Во овој момент покренати се различни процеси во регионот во врска со транзициската правда: националните и локални судови процесуираат воени злосторства, локалните организации на граѓанското општество промовираат регионална комисија која ќе истражува и открива факти поврзани со војната и други сериозни кршења на човековите права направени во поранешна Југославија (РЕКОМ иницијатива), национални стратегии кои се однесуваат на процесуирање на воените злосторства, како и низа други мерки за кои се дискутира.

Меѓутоа, обичните граѓани и натаму остануваат надвор од овие процеси и не се информирани за напредокот на транзициската правда, за нивните права, како и за можноста да бидат дел од транзицискиот напредок.

Затоа проектот - Балканската транзициска правда, го премостува јазот меѓу државата и јавноста преку обезбедување на квалитетни и објективни информации за транзициската правда. Точно, вистинито и професионално известување за воените злосторства недостасува на пост југословенскиот простор, што создава голема препрека за утврдување на вистината и одвојување од минатото.

Проектот - Балканската транзициска правда на овој начин осигурува редовен и ажуриран проток на информации во врска  со транзициската правда. Во различните фази на инплементација, проектот нуди база на податоци кои се поврзани со воените злосторста и кои се состојат од поединечни извештаи и членови во првата фаза, аудио извештаи во втората фаза и Тв документарци во третата фаза.

Затоа воспоставување на  целосно обучени новинарски тимови, со искуство во следење на судењата и аналитичките извештаи, е важно достигнување за подобрување на медиумите во целиот регион.