повторно-одложено-сослушувањето-на-новак-ѓукиќ-за-масакрот-во-тузла-01-19-2018
19 Jan 18 Повторно одложено сослушувањето на Новак Ѓукиќ за масакрот во Тузла

Сослушувањето на поранешниот генерал на Војската на Република Српска, ВРС, Новак Ѓукиќ, повторно е одложено, откако неговиот адвокат соопшти оти тој има здравствени проблеми, иако лекарите потврдија дека тој е способен да го следи рочиштето.

Повеќе
сад-бараат-одземање-на-државјанството-на-босанецот-есо-разиќ-01-19-2018
19 Jan 18 САД бараат одземање на државјанството на босанецот Есо Разиќ

Соединетите Американски Држави (САД), поднесоа барање за одземање на државјанството на 51-годишниот Есо Разиќ од Ајова, со потекло од Босна и Херцеговина, затоа што тој, наводно, го добил државјанството на САД со измама, бидејќи не пријавил оти бил член на паравоени организации.

Повеќе
мал-напредок-во-заштитата-на-човековите-права-на-балканот-01-18-2018
18 Jan 18 Мал напредок во заштитата на човековите права на Балканот

Напади врз новинарите, дискриминација на малцинствата, слаба заштита на бегалците и недостиг на политичка волја кривично да се гонат воените злосторства, се проблемите со кои и во 2017 година биле соочени повеќето балкански држави, се вели во извештајот на меѓународната организација за заштита на човековите права, Хјуман рајтс воч (ХРВ) .

Повеќе
случај-медикус-сведокот-го-препозна-осомничениот-од-аеродромот-во-приштина-01-17-2018
18 Jan 18 Случај „Медикус“: Сведокот го препозна осомничениот од аеродромот во Приштина

Полицаецот кој сведочеше пред судот во Приштина, изјави дека во 2008 година, на аеродромот во Приштина, го видел Моше Харел, главниот осомничен во случајот „Медикус“.

Повеќе
офицери-на-вј-не-знаеле-ништо-за-масакрот-во-косово-01-17-2018
18 Jan 18 Офицери на ВЈ „не знаеле ништо“ за масакрот во Косово

Двајца поранешни офицери на 549 бригада на Војската на Југославија (ВЈ), пред судот во Белград изјавија дека тие не знаеле ништо за нападот врз косовското село Трње, во март 1999 година, кога биле убиени 27 Албанци.

Повеќе
иванов-стави-вето-на-законот-за-јазиците-01-17-2018
17 Jan 18 Иванов стави вето на Законот за јазиците

Претседателот, Ѓорѓе Иванов, стави вето на новиот закон за употреба на јазиците, со кој се проширува официјалната употреба на албанскиот јазик во цела држава.

Повеќе
уште-еден-неуспешен-обид-да-се-запре-работата-на-специјалниот-суд-на-косово-01-17-2018
17 Jan 18 Уште еден неуспешен обид да се запре работата на специјалниот суд на Косово

Во средата пропадна уште еден обид да се покрене процедура за укинување на законот со кој беше овозможено функционирањето на новите Специјализирани совети, познати како специјален суд на Косово, кои имаат седиште во Хаг.

Повеќе
поранешни-припадници-на-овк-негираа-дека-знаеле-за-убиствата-во-1998-година-01-17-2018
17 Jan 18 Поранешни припадници на ОВК негираа дека знаеле за убиствата во 1998 година

Поранешни високи функционери на Ослободителната војска на Косово (ОВК), на судењето на потпредседателот на Владата на Косово, Фатмир Лимај, изјавија дека не знаат ништо за судбината на двајцата цивили, убиени во 1998 година, бидејќи, наводно, биле соработници на српскиот режим.

Повеќе
ослободен-хрватски-свештеник-што-ја-величел-ндх-01-17-2018
17 Jan 18 Ослободен хрватски свештеник што ја величел НДХ

Судот за прекршоци во Сплит, го ослободи од обвинението за нарушување на јавниот ред и мир, католичкиот свештеник, кој во својата проповед ја величел профашистичката хрватска држава од Втората светска војна, Независната Држава Хрватска, НДХ.

Повеќе
заканите-што-му-биле-упатувани-на-ивановиќ-биле-игнорирани-01-16-2018
17 Jan 18 Заканите што му биле упатувани на Ивановиќ биле игнорирани

Оливер Ивановиќ, кој беше убиен во вторникот во Митровица, неколку пати изјавувал дека прима закани. Тој побарал помош од српските и од косовските власти, но тие го игнорирале ова.

Повеќе
благи-казни-за-убиство-на-србин-извршено-во-хрватска-во-1998-година-01-16-2018
16 Jan 18 Благи казни за убиство на Србин извршено во Хрватска во 1998 година

Окружниот суд во Сплит осуди на една година затвор двајца Хрвати, кои во 1998 година, на православен Божик, убиле Србин.

Повеќе
оливер-ивановиќ-убиен-во-митровица-01-16-2018
16 Jan 18 Оливер Ивановиќ убиен во Митровица

Водачот на косовските Срби, Оливер Ивановиќ, е убиен во Митровица, потврдија за БИРН три независни извори.

Повеќе
потврдени-казни-затвор-на-осум-лица-за-масакрот-во-овчара-01-15-2018
15 Jan 18 Потврдени казни затвор на осум лица за масакрот во Овчара

Апелацискиот суд во Белград ја потврди казната од 101 година затвор, што им беше изречена на осум поранешни српски борци, за масакрот извршен над околу 200 лица во фармата Овчара, по падот на Вуковар, во 1991 година.

Повеќе
косово-побара-екстрадиција-на-израелецот-осомничен-за-трговија-со-органи-01-13-2018
13 Jan 18 Косово побара екстрадиција на Израелецот осомничен за трговија со органи

Косовските власти побараа екстрадиција на Моше Харел, израелски државјанин, обвинет дека во 2008 година учествувал во трговија со органи на клиниката „Медикус“, лоцирана во близина на Приштина.

Повеќе
наводи-за-повоени-убиства-во-косово-ги-шокираа-семејствата-на-убиените-01-12-2018
12 Jan 18 Наводи за повоени убиства во Косово, ги шокираа семејствата на убиените

Семејствата на косовските Албанци убиени по војната во Косово, беа шокирани од изјавата на сведок на обвинителството, кој во телевизиско интервју изјави дека група формирана од Ибрахим и Керим Келменди, по завршувањето на војната, вршела политички убиства.

Повеќе

Дневен преглед

* Задолжителни полиња
Балканска транзициска правда: дневен билтен
Формат на билтенот