Вести 15 Nov 12

15 години затвор за злосторствата во Коњиц

Босанскиот државен суд го осуди Есо Мациќ, поранешен припадник на босанската армија, на 15 години затвор за воени злосторства против српските цивили во Коњиц.

Justice Report
БИРН
Сараево

Мациќ, поранешен стражар во логорот Челебиќи, е прогласен за виновен за убиство на еден затвореник и за малтретирање на неколку други.

Судскиот совет утврди дека Мациќ е виновен за убиството на Милорад Куљанин и малтретирањето на Шчепо Готовац, кој набрзо потоа починал, како и за уште три други случаи на физичко малтретирање на затвореници.

„На Бајрам, во јуни 1992 година, Мациќ го повикал Куљанин, кој бил постар цивил, да излезе од хангарот. Му наредил да се тркала во фекалиите на местото каде што затворениците вршеле нужда, а потоа го застрелал“, рече судијата Јасмина Косовиќ.

Советот не го прифати тврдењето на одбраната дека убиството  се случило откако „пушката случајно сама пукнала“.

Мациќ беше прогласен за виновен, дека заедно со другите чувари во логорот, во јуни 1992 година, го малтретирал Шчепо Готовац, кој бил постар цивил.

„Го тепале со нозе, тупаници и кундаци од пушки“, изјави судијата, додавајќи дека Готовац набрзо потоа починал.

Советот сепак не можеше да утврди дали Мациќ го задал „смртоносниот удар“.

Тој беше прогласен за виновен и за учество во тепањето на Момир и Велибор Мркајиќ, кои, заедно со неколку други српски затвореници, биле принудени да влезат во канализациската дупка во логорот.

Судскиот совет заклучи дека Мациќ, со другите стражари, во август 1992 година, веднаш по посетата на Меѓународниот Црвен Крст на Челебиќи, ги тепал затворениците во логорот.

Неговото алиби дека во тоа време тој не бил стражар во Челебиќи, туку во спортска сала Мусала во Коњиц, не беше прифатено.

Мациќ беше ослободен од две точки од обвинението кои го теретеа за малтретирање на Бранко Шиниковиќ, во 1993 година,  кого, како што беше наведено, го извлекол од неговата куќа, а потоа го тепал пред неа, и за малтретирање на Ново Мојевиќ, во логорот Мусала во Коњиц.

На Мациќ, кој за време на судењето се бранеше од слобода, му беше одреден притвор.

На оваа одлука може да биде вложена жалба.

Talk about it!

blog comments powered by Disqus

Latest Headlines

News 26 Sep 16

Bosnia Jails Croatian Defence Council Fighter for Rape

News 21 Sep 16

Bosnian Serb Soldier Acquitted of Sokolac Beating

Profile 20 Sep 16

Serb Paramilitary Captain Dragan’s Long Road to Court

News 09 Sep 16

Bosnian War Rape Victims Struggle for Compensation

News 06 Sep 16

Bosnia Arrests Six Serbs for Milici War Crimes

News 05 Sep 16

Kosovo Massacre Trial Delayed Again in Belgrade