Вести 15 Nov 12

Ќириќ: Не сум виновен за масакрот на Овчара

Петар Ќириќ, поранешен член на Српската доброволна единица, се изјасни дека не е виновен за воените злосторства извршени на фармата Овчара, во близина на хрватскиот град Вуковар, во 1991 година.

Марија Ристиќ
БИРН
Белград

Петар Ќириќ на почетокот на војната во 90-те I

Фото: Обвинителство за воени злосторства на Србија

Поранешниот член на територијална одбрана на Вуковар, Петар Ќириќ, познат како Перо “Циган“, во четврток за прв пат се појави пред Специјалниот суд во Белград.

Српското обвинителство за воени злосторства на 25 октомври го обвини Ќириќ за учество во убиства на најмалку 193 воени затвореници извршени на 21 ноември 1991 година, на фармата Овчара.

„Обвинетиот учествувал во злоупотребата на затворениците, кои биле принудени, до амбарот, да трчаат меѓу два реда војници. Тој стоејќи во едниот ред ги клоцал и удирал затворениците кои поминувале, нанесувајќи им сериозни повреди“, рече обвинителот Дејан Кнежевиќ, објаснувајќи го  обвинението.

Откако за затворениците бил направен список, тие биле поделени во групи. Секоја група била качена на камион, а потоа транспортирана до Грабово, место одалечено околу 1 км од Овчара.

Обвинителот рече дека Ќириќ во Грабово бил во стрелачкиот вод, кој стрелал во наредените затвореници.

„Враќајќи се од Грабово кон Овчара, обвинетиот учествувал во егзекуцијата на последната група од околу десет заробеници, кои беа застрелани пред шталата“, додаде Кнежевиќ.

На воведните зборови на обвинителството, Петар Ќириќ изјави дека не е виновен.

Тој потенцира дека бил член на српските доброволни единици ангажирани во областа на Вуковар, особено во областа на Петрова Гора, но дека тој никогаш не бил во Овчара и дека, до денес, тој не знаел каде се наоѓа фармата.

По падот на хрватскиот град Вуковар на 19 ноември 1991, неколку стотици затвореници биле егзекутирани во близина на фармата Овчара.

Вуковар беше првиот град во Европа, што по Втората светска војна беше уништен од воени дејствија.

Имено, во 1991 година, откако беше усвоена декларацијата за независност на Хрватска, Југословенската народна армија, ЈНА и српски парамилитарни единици, го опколија хрватскиот град Вуковар.

Секојдневно, за време на тримесечната опсада, врз Вуковар биле исфрлани околу 7.000 проектили, кои уништиле околу 85 проценти од објектите.

Над 3.000 лица загинале, а илјадници лица кои не биле Срби биле протерани.

Вуковар остана под српска контрола до 1995 година. По потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор во 1995 година, со што беше ставен крај на војната во Босна и Херцеговина, со т.н. Ердут договор регионот на Вуковар беше, прво, две години ставен под управа на администрацијата на ООН, а во 1998 година, беше реинтегриран кон Хрватска.

Ова е четврт случај во кој српското судство донело осудителна пресуда за злосторства извршени на фармата Овчара. Во претходните судења, за виновни беа прогласени 15 лица, кои беа осудени на вкупно 207 години затвор.

За злосторствата на Овчара, Хашкиот трибунал ги осуди полковниците на ЈНА,  Миле Мркшиќ на 20 и Веселин Шљиванчанин на 10 години затвор.

Судењето продолжува на 3 декември.

 

Talk about it!

blog comments powered by Disqus

Latest Headlines

News 16 Jan 17

Kosovo Indicts KLA Ex-Guerrilla for War Crimes

news 13 Jan 17

Kosovo MP Fatmir Limaj’s War Crimes Trial Opens

News 11 Jan 17

Croatia Tries Soldier for Operation Storm Killings

Analysis 11 Jan 17

Kosovo and Serbia: Non-Cooperation Perpetuates Injustice

News 09 Jan 17

Radovan Karadzic’s Ex-Adviser Goes on Trial

News 09 Jan 17

Bosnia Indicts Two for Crimes Against Brcko Serbs

2016 in Review 28 Dec 16

Croatia: Historical Controversies Stir Tensions with Serbia

2016 in Review 27 Dec 16

Serbia: The Radicals’ Revival and the Missing Prosecutor

2016 in Review 26 Dec 16

Kosovo: New War Court Approved Despite Opposition