Вести 12 Aug 15

Хрватски воен генерал позира со вино со фотографија од Хитлер

Фотографиите поставени на официјалната Фејсбук страница на хрватскиот воен генерал, Бранимир Главаш, кому му се судеше за воени злосторства, го покажуваат како позира со шишиња вино, на кои има етикета со фотографија на Адолф Хитлер.

Свен Милекиќ
БИРН
Загреб
Главаш позира со вината на кои има слика од Хитлер / Фото: Фејсбук

Фотографиите од насмеаниот Главаш, кој релаксирано седи покрај маса со вина на чија етикета има слики на нацистичкиот диктатор, беа поставени на неговата официјална страница на Фејсбук во вторникот навечер.

На едното шише е портретот на Хитлер, а на етикетата пишува „Вино на фирерот“, додека на другото е слика на германскиот лидер од времето на војната кој отпоздравува со нацистички поздрав, на кое стои фашистичкиот слоган, „Еден народ, една империја, еден фирер“.

Главаш во моментов чека повторно судење по обвинението за наводни воени злосторства против српски цивили извршени во Осиек во 1991 година.

Вината потсетуваат на оние што со етикета на ликот на Хитлер ги произведуваше италијанската винарија „Лунардели“, што остро го критикуваше центарот Симон Визентал, познат како „ловец на нацисти“.

Центарот Симон Визентал повика на бојкот на производите на компанијата во 2013 година, апелирајќи до луѓето да не купуваат ништо од „некој што го користи нацистичкиот масовен убиец како бесрамна маркетинг алатка“.

Сепак, некои луѓе со одобрување ги коментираа фотографиите на Главаш на Фејсбук. „Ми се допаѓа, за генералот и за виното“, напиша еден од нив, додека друг праша каде може да се набави такво вино.

Фото: Фејсбук

Фејсбук ги отстрани фотографиите од Хитлер, но потоа Главаш објави фотографија со вино со слика на поранешниот југословенски лидер, Јосип Броз Тито, на етикетата.

„Дали вино што го носи името на еден од врвните десет криминалци во историјата на светот, ви пречи?“, напиша тој во насловот на фотографијата.

Главаш беше ослободен од притвор во јануари, откако Уставниот суд на Хрватска ја поништи пресудата со која тој беше осуден и наложи повторно судење.

Оттогаш, во повеќе наврати, тој беше критикуван заради јавните изјави и коментарите објавени на неговата страница на Фејсбук, која ја уредува неговиот син Филип.

На денот на неговото ослободување, на неговата страница на Фејсбук, беше објавена фотографија со пет обесени луѓе, под која пишуваше: „Осмата божја заповед гласи, не сведочи лажно“.

Оваа објава за некои беше израз на закана до сведоците во судскиот процес против него, но таа беше избришана откако хрватската интернет страница, Индекс, го пријави.

По неговото ослободување, во Осиек му беше приредена забава за дочек, на која тој изјави оти „ги наполнил батериите...за идните предизвици и борби, бидејќи не сториле се што ветиле [пред војната] во 1990“.

Во еден од инциденти во кои Главаш беше прогласен за виновен, на жртвата што била малтретирана во устата и била сипана киселина од акумулатор, поради што некои набљудувачи сметаат дека оваа негова изјава е закана која се однесува на овој инцидент.

Невладината организација „Младинска иницијатива“, со седиште во Загреб, во февруари поднесе кривични пријави против Главаш за „јавно поттикнување на насилство и омраза“ со своите изјави, иако досега нема напредок во случајот.

Инаку, поранешниот генерал, во периодот 1991-1992, беше командант на одбраната на Осиек и висок член на Хрватската демократска заедница, ХДЗ. Тој беше пратеник на оваа партија во хрватскиот парламентот.

По напуштањето на ХДЗ, тој формира своја политичка партија, Хрватско демократски сојуз на Славонија и Барања, ХДССБ, по што обвинителите започнаа истрага за неговите наводни воени злосторства против Србите во Осиек.

Тој беше уапсен во октомври 2006 година во текот на т.н. случај „Гаража“, во кој беше обвинет за тортура и убиство на цивили, извршени пред една гаража во 1991 година.

Дополнително обвинение беше подигнато во април 2007 година, во случајот „Селотејп“, кој називот го добива поради тоа што жртвите биле врзувани со селотејп и егзекутирани покрај реката Драва во Осиек во 1991-1992.

Talk about it!

blog comments powered by Disqus

Latest Headlines

news 28 Apr 17

Kosovo Playwright ‘Threatened by War Veterans’

News 26 Apr 17

Croatian Party Ex-Leader ‘Was Yugoslav Informer’

News 25 Apr 17

Protesting Bosnia War Veterans Block Border Crossings

News 24 Apr 17

Rival Events Commemorate Croatian WWII Camp Victims

news 21 Apr 17

Kosovo MP Haradinaj Faces Ethnic Hatred Lawsuit

Feature 20 Apr 17

Serbia Shortlists Chief War Crimes Prosecutor Candidates

News 20 Apr 17

Bosnian Leaders Row Over Right to Address Troops

News 19 Apr 17

Perkovic Defence Lodges Appeal Before German Court

Background

serb-minority-rights-scripted-out-in-croatia-09-02-2015

Serb Minority Rights Scripted Out in Croatia

The muted response to the Croatian town of Vukovar’s decision to scrap controversial bilingual signs in Latin and Serb Cyrillic script suggests the EU has lost focus on minority rights, analysts claimed.

Croatian Dissident Feared Kidnap by Yugoslav Spies

The trial of Zdravko Mustac and Josip Perkovic, former Yugoslav spy chiefs accused of killing a Croatian émigré, heard that the victim repeatedly told his German lover that he was living in fear.

Subscribe to Our Newsletter