Вести 16 Nov 12

Хашкиот трибунал ја поништи пресудата за хрватските генерали

Случајот “Готовина“ доби драматичен пресврт откако Хашкиот трибунал ја поништи првостепената пресуда со која Анте Готовина и Младен Маркач беа осудени на казна затвор за злосторства извршени против Србите, за време на воената операција “Бура“.

Марија Ристиќ
БИРН
Белград

Готовина и Маркач ја чекаат пресудата на Хашкиот трибунал

Фото: Бета

Апелацискиот совет на Хашкиот трибунал во петок донесе одлука според која Анте Готовина и Младен Маркач не се виновни за убиства, депортација и нехуман третман на српските цивили за време на хрватската воена операција “Бура“,  во летото 1995 година.

Судијата Теодор Мерон ја укина првостепената пресуда од 15 април минатата година, со која Готовина и Маркач беа осудени на 24 и 18 години затвор, за учество во здружен злосторнички потфат, чија цел била протерување на Србите од регионот на Краина, во Хрватска.

Објаснувајќи ја пресудата судијата Мерон изјави дека не постојат докази за тврдењата на обвинителството дека нападите врз Краина биле незаконски и дека цел биле цивилите.

„Јас ја поништив одлуката на Советот, бидејќи ниту еден разумен совет не може, врз основа на овие докази, да донесе одлука дека нападите биле незаконски. Ние утврдивме и дека немало присилна депортација на цивили од оваа област“, додаде Мерон.

Апелацискиот совет се согласи само со еден дел од првостепената пресуда во кој се вели дека Готовина бил свесен за злосторствата кои биле извршени врз цивилите, но и покрај тоа не спровел истрага за нив.

Со претходната пресуда двајцата генерали беа прогласени за виновни за прогон, убиства, депортација и други злосторства против Србите од Краина и нивниот имот, за време и по операцијата “Бура“.

Мерон изјави дека Комората заклучила, несогласувајќи се со судиите Агиус и Покар, дека доказите презентирани од обвинителството биле недоволни за да ги поткрепат тврдењата дека артилериските напади врз хрватските градови Книн, Грачац, Обровац и Бенковац, биле незаконски.

Објаснувајќи зошто Советот заклучил дека Готовина и Маркач не биле дел од заедничкиот злосторнички потфат, Мерон рече: „Ниту еден разумен судски совет не може да заклучи дека единственото разумно толкување на посредните докази е постоење на Здружен злосторнички потфат со заедничка цел: трајно протерување на српското население од Краина, со употреба на сила или со закана за употреба на сила“.

Мерон истакна дека заминувањето на цивилите од градовите и селата не може да се карактеризира како депортација, ниту пак, „може да се заклучи дека оние кои биле вклучени во законските артилериски напади имале намера присилно да ги протераат цивилите“.

Судскиот совет претходно заклучи дека Готовина бил свесен за злосторствата извршени во четири градови, пред и по артилериските напади, додавајќи дека тој не ги истражил овие злосторствата.

Сепак, Апелацискиот совет заклучи, несогласувајќи се со судијата Агиус, дека улогата на Готовина не била толку голема за од него да се бара кривична одговорност врз основа на помагање и поттикнување или врз основа на командна одговорност.

Во врска со случајот на Маркач, Апелацискиот совет вели дека „Судскиот совет експлицитно не заклучил дека Маркач имал значаен придонес во релевантните злосторства извршени од страна на специјалната полиција или дека имал ефективна контрола над неа“.

„Покрај ова, Апелацискиот совет, несогласувајќи се со судиите Агиус и Покар, смета дека сите заклучоци на Судскиот совет за вината на Маркач се донесени во контекст на заклучокот за незаконски   артилериски напади врз четири градови“, вели Мерон.

Офанзивата беше спроведена со цел враќање на териториите, што на почетокот на војната во Хрватска, беа заземени од српските сили.

Се проценува дека веднаш по операцијата “Бура“, повеќе од 200.000 Срби избегале од Хрватска. Неколку недели и месеци по престанокот на борбите беа убиени најмалку неколку десетици српски цивили.

По пресудата, двајцата хрватски генерали беа ослободени.

 

 

Talk about it!

blog comments powered by Disqus

Latest Headlines

News 24 Oct 17

Bosnian Court: 60 Serbs Acquitted of Wartime Crimes

News 20 Oct 17

Hague Tribunal Tries Out Video Calls for Defendants

News 17 Oct 17

Croatian 1990s General Pleads Not Guilty to War Crimes