Вест 14 Nov 16

Тарчуловски кандидат за пратеник

Јохан Тарчуловски, единствениот Македонец осуден од Хашкиот трибунал за воени злосторства, ќе биде кандидат за пратеник на ВМРО ДПМНЕ, на парламентарните избори на 11 декември.

Елена Андоновска
БИРН
Скопје
Никола Груевски и Јохан Тарчуловски. Архивска фотографија на БИРН

Извор на БИРН од ВМРО-ДПМНЕ во понеделник, во врска со кандидатурата на Тарчуловски, кој одлежа осум години затвор за воени злосторства над цивили од албанска националност, извршени за време на вооружениот конфликт во 2001 година, изјави дека партијата е горда што е тој нејзин кандидат и покрај тоа што беше осуден.

„Не гледам ништо неочекувано во неговата кандидатура. Тарчуловски е вистински патриот кој неправедно со години беше во затвор заради одбрана на Македонија“, изјави нашиот извор, кој побара да остане анонимен.

„Горди сме што тој е наш член и нашите анкети покажуваат дека тој има висок рејтинг меѓу гласачите, така што тука нема ништо невообичаено“, додаде нашиот извор.

Тарчуловски во 2013 година беше предвремено ослободен, откако одлежа осум години од 12-годишната затворска казна на која што беше осуден.

Тој беше прогласен за виновен за водење на полициска единица која уби група цивили, Албанци и изврши други злосторства во село Љуботен, Скопско.

Злосторството беше извршено во текот на краткотрајниот вооружен конфликт во 2001 година, меѓу македонските безбедносни сили и припадниците на ОНА, чии некогашни лидери денес ја водат Демократската унија за интеграција, која е дел од владејачка коалиција со ВМРО-ДПМНЕ.

Кога во 2013 Тарчуловски се врати во Македонија, владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ му одржа херојски пречек во Скопје.

Тој по ослободувањето стана икона на владејачката партија и често, на партиски состаноци и собири, држи патриотски говори.

„Ние сме родени со лавот и сонцето и немаме друг избор, немаме друга опција. Ние или ќе останеме доследни на тоа или ќе умреме“, изјави Тарчуловски на трибината на бранителите што се одржа во октомври во Скопје во организација на ВМРО-ДПМНЕ.

Политичкиот аналитичар Мерсел Биљали вели дека кандидатурата на Тарчуловски е обид на владејачката централно-десничарска партија да освои гласови користејќи ги патриотските чувства.

„Мислам дека кандидатурата на Тарчуловски е дел од фолклорот и е лажен патриотизам (на ВМРО-ДПМНЕ)“, вели Биљали.

Но, додава тој, „во реалноста, ако гледаме на работите објективно, нема место за такви личности на (изборните) листи“.

Конфликтот од 2001 заврши истата година со потпишување на Охридскиот мировен договор, со кој им беа гарантирани поголеми права на Албанците.

По конфликтот, пред Хашкиот трибунал беа покренати пет случаи на воени злосторства.

Четири во кои се тврдеше дека злосторствата ги извршиле албанските бунтовници. Овие случаи подоцна му беа предадени на домашното судство, по што следеше нивна амнестија од страна на парламентот.

Петтиот случај се однесуваше на Тарчуловски и неговиот некогашен шеф, поранешниот министер за внатрешни работи, Љубе Бошкоски, кој, за разлика од Тарчуловски, беше ослободен од сите обвиненија.

Talk about it!

blog comments powered by Disqus

Latest Headlines

News 26 Jul 17

Bosnia Mulls Election Ban on War Crimes Convicts

News 20 Jul 17

Vucic Named Bytyqi Murder Suspect, Alleges Family

News 19 Jul 17

Croatian Town Removes Tito’s Name from Square

news 05 Jul 17

Bosnian Serb Leader Threatens Secession over Holidays

Background

serb-minority-rights-scripted-out-in-croatia-09-02-2015

Serb Minority Rights Scripted Out in Croatia

The muted response to the Croatian town of Vukovar’s decision to scrap controversial bilingual signs in Latin and Serb Cyrillic script suggests the EU has lost focus on minority rights, analysts claimed.

Croatian Dissident Feared Kidnap by Yugoslav Spies

The trial of Zdravko Mustac and Josip Perkovic, former Yugoslav spy chiefs accused of killing a Croatian émigré, heard that the victim repeatedly told his German lover that he was living in fear.

Subscribe to Our Newsletter