Поранешниот полициски командант Јохан Тарчуловски, единствениот македонски државјанин осуден за воени злосторства од Хашкиот трибунал, побара, откако ќе поминат осум од предвидените 12 години затворска казна, да биде ослободен.
![]() |
|
Јохан Тарчуловски |
Адвокатот на Тарчуловски, Антонио Апостолски, изјави дека германскиот затвор, каде Тарчуловски се наоѓа на издржување на казната од 12 години, на германските власти им го предале неговото барање за предвремено ослободување, кое тие ќе го достават до Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија.
„Сметаме дека барањето на Тарчуловски ќе биде прифатено и дека тој, со намалување на казната од 12 на осум години, ќе биде ослободен предвреме“, рече Апостолски во средата.
Тарчуловски отслужи осум од вкупно 12 години. Во март, откако ќе поминат две третини од казната, тој и формално ќе може да побара предвремено ослободување. Неговата одбрана се надева дека тој до мај може да се врати дома.
Во јули 2008 година, МКТЈ го осуди Тарчуловски за воени злосторства извршени за време на етничкиот конфликт во Македонија во 2001 година.
Тој беше прогласен за виновен за водење на полициската единица која уби селани, етнички Албанци и изврши други злосторства во село Љуботен, Скопско.
Судот го ослободи претпоставениот на Тарчуловски, поранешниот министер за внатрешни работи, Љубе Бошковски, кој беше обвинет за командна одговорност.
Во 2001 година, Македонија се соочи со вооружен конфликт меѓу безбедносните сили и етничките албански бунтовници. Непријателствата завршија истата година со потпишување на мировен договор со кој на етничките Албанци, кои сочинуваат околу една четвртина од населението, им беа доделени поголеми права.
Надежта за предвремено ослободување на Тарчуловски се појави откако минатата есен беа изречени ослободителни пресуди за некогашниот командант на ОВК, Рамуш Харадинај и за двајцата поранешни хрватски генерали, Анте Готовина и Младен Маркач.
Timeline of events in the case against 13 former Serb fighters charged with committing war crimes in the villages of Cuska, Zahac, Ljubenic and Pavlac in Kosovo in 1999.