Вести 04 Sep 15

Српските социјалисти именуваа воен злосторник на висока функција во партијата

Поранешниот југословенски заменик премиер, Никола Шаиновиќ, беше избран за член на главниот одбор на Социјалистичката партија, која е дел од српската владејачка коалиција, откако неговата затворска казна за воени злосторства во Косово, заврши.

Марија Ристиќ
БИРН
Белград

Шаиновиќ(во средина) на седницата на главниот одбор на социјалистичката партија / Фото: Бета

Социјалистичката партија на Србија, го назначи Шаиновиќ за член на нејзиниот Главен одбор во четвртокот навечер, само една недела по неговото враќање во Белград, откако одлежа две третини од неговата казна изречена за воени злосторства.

Шаиновиќ е член на социјалистите од основањето на партијата во 1990 година, кога на нејзино чело беше Слободан Милошевиќ.

Тој, сепак, не учествуваше во политиката откако му се предаде на Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија, кој го прогласи за одговорен за кампања на насилство за време на косовската војна во 1999 година.

Тој првично беше осуден на 22 години затвор, но во јануари минатата година, судот му ја намали казната на 18 години, и го прогласи за виновен за учество во здружен злосторнички потфат, со цел протерување на косовските Албанци.

Како последица, повеќе од 11.000 лица беа убиени, а повеќе од 700.000 косовски Албанци беа протерани.

Кога се врати во Белград минатата среда, Шаиновиќ, на новинарите им изјави дека тој не е виновен за воени злосторства, но дека се чувствува одговорен за она што се случило за време на конфликтите во 90-тите.

„Нема да држам херојски говори и нема да кажам дека спијам мирно и оти мојата совест е чиста, бидејќи некој кој ја преживеел војната, како што јас ја преживеав, не може да спие мирно. Не сум виновен, но се чувствувам одговорен“, рече тој.

Шаиновиќ додаде дека тој и другите српски официјални лица беа осудени од страна на судот на ООН во Хаг, како поединци, што значи дека „српскиот народ не е осуден“.

Тој оттогаш не дал никаква друга изјави за јавноста.

Хашкиот трибунал, исто така, утврди дека Шаиновиќ бил еден од најблиските и најдоверливи соработници на поранешниот претседател на Југославија, Слободан Милошевиќ, што му овозможило да има водечка улога во војната во Косово.

По смртта на Милошевиќ во 2006 година, за време на неговото судење во Хаг, Социјалистичката партија, за нејзин лидер го именува Ивица Дачиќ.

Дачиќ вети дека ќе ја трансформира партијата и ќе усвои европска перспектива. Тој сега е министер за надворешни работи на Србија.

Социјалистичката партија, повеќе од една деценија, беше најголема политичка партија во Србија.

Сега таа е втора по големина и има околу 200.000 членови.

Медиумите претходно шпекулираа дека уште двајца обвинетите од Хашкиот трибунал, поранешните челници на српската безбедност, Јовица Станишиќ и Франко Симатовиќ, ќе ѝ се приклучат на партијата, но Дачиќ ги негираше овие шпекулации.

Симатовиќ и Станишиќ беа ослободени од обвиненијата за воени злосторства минатата година и сега во жалбена постапка ја очекуваат конечната пресуда, која треба да биде донесена во декември оваа година.

Talk about it!

blog comments powered by Disqus

Latest Headlines

News 16 Aug 17

US Blames Serbian WWII Regime for Jews’ Deaths

News 26 Jul 17

Bosnia Mulls Election Ban on War Crimes Convicts

News 20 Jul 17

Vucic Named Bytyqi Murder Suspect, Alleges Family

News 19 Jul 17

Croatian Town Removes Tito’s Name from Square

Background

serb-minority-rights-scripted-out-in-croatia-09-02-2015

Serb Minority Rights Scripted Out in Croatia

The muted response to the Croatian town of Vukovar’s decision to scrap controversial bilingual signs in Latin and Serb Cyrillic script suggests the EU has lost focus on minority rights, analysts claimed.

Croatian Dissident Feared Kidnap by Yugoslav Spies

The trial of Zdravko Mustac and Josip Perkovic, former Yugoslav spy chiefs accused of killing a Croatian émigré, heard that the victim repeatedly told his German lover that he was living in fear.

Subscribe to Our Newsletter