Изборот на Ивица Дачиќ за премиер, би значело враќање кон мрачните делови на неодамнешната српска историја, вели новинарот Златко Чобовиќ.
Во време кога на Србија ѝ е потребен авторитетен и решителен премиер, со план, визија, искуство и со сила да подвлече линија, да внесе свежина и да освои поддршка, политичката зделка со која Ивица Дачиќ би станал премиер, би ја потврдила оваа функција како афирмација на мрачните делови од српското минато. Освен како високо позиционирано работно место, со низок степен на одговорност.
Оние кои бавно памeтат и кои брзо не забораваат, го познаваат Дачиќ како една од примарните тупаници на апаратот на Милошевиќ. Иако во некои работи се разликува од Милошевиќ, Дачиќ остана ортодоксен војник на својата партија.
Не се откажа од начинот на работа научен од претходниците, кои беа на чело на неговата партија. Само ја модернизира формата.
Со самото негово доаѓање на чело на полицијата, пред четири години, навести изостанок на соочување со минатото, а што е уште позначајно - изостанок во решавање на аферите и откривање на убијците и политичките налогодавачи на егзекуциите кои ја потресоа Србија, како што се убиства на новинарите, на војниците во касарната на Топчидер...
Уште повеќе, во почетокот на април оваа година, изјави дека во 2008-та не ветил дека ќе ги пронајде убијците на тројцата новинари.
Во време додека Дачиќ беше на чело на Министерството за внатрешни работи, полицијата ги откриваше сторителите на злосторства. Ги штитеше новинарите кои примаа закани и чиј живот беше загрозен. Но, не е направен ниту чекор напред во расветлување на случаите за кои постои оправдано сомнение дека политички инспиратор бил политичкиот ментор на Дачиќ (или лица блиски до него), ниту пак оние за кои има елементи за претпоставка, дека зад нив стоела државата.
А тука се, да речеме, акциите на Косово, пред и на самиот почеток на интервенцијата од страна на НАТО, случајот со жртвување на вработените на РТС при бомбардирањето на НАТО, за што вината беше префрлена само на еден човек, помагање во криење на подоцна уапсените и испорачани обвинети во Хашкиот Трибунал.
Лаконско е неговото објаснување и оправдување, дека за она што се случувало за време на мандатот на другите, би требало да одговараат оние, кои во тоа време биле министри.
Манирите, веќе видени под чеканот на Милошевиќ, лидерот на СПС ги демонстрираше за сето време на оваа изборна кампања, но и по соопштувањето на изборните резултати. Така, каква ли чудна коинциденција, само еден месец пред изборите, беше спроведено апсење на наркодилери.
Пет дена пред изборите, министерот за внатрешни работи, со претставниците на деветте синдикални организации кои делуваат во рамките на министерството, потпиша социјална повелба со која се предвидува „понатамошно заедничко делување во примена на колективниот договор и во подобрување на материјалните и работно правни услови на вработените“. Хартија, зад која, и покрај опишаната цел, не стои ништо.
Залагајќи се, пред изборите, за поделба на Косово, Дачиќ, ја оцени Демократската партија како „лажна левичарска партија, а денес е извесно обновувањето на коалицијата со неа и покрај искрените и спонтани изливи на чувства, речиси закани (кои, откако се смири, ги оправда со стилска фигура) кон својот нов/стар коалициски партнер, во изборната ноќ на 6-ти мај: „Можеби не се знае кој ќе биде претседател, но се знае кој ќе биде премиер“.
А кога Српската народна партија, тргна во кампања тврдејќи дека најновите избори се лажирани, Дачиќ изјави дека „сигурно имало неправилности, како што впрочем ги има и секаде“, но дека тој е против праксата за масовно повторување на изборите, бидејќи сето тоа личи на 96-тата година.
Таа година на локалните избори победи коалицијата “Заедно“, СПС на Милошевиќ и Дачиќ не го прифати овој изборен резултат, но по масовните протести на граѓаните и извештајот на комисијата на ОБСЕ, попушти и со “lex specijalis“ го призна поразот и изборната кражба.
СПС се обиде да ги намести изборите и во 2000 година, а по тој повод Дачиќ, на 11 мај оваа година, изјави дека сето ова му личи на ДОС, кој веќе му се смачил: „Не знам што добро донесе 5-ти октомври и на кого му е потребно тој повторно да се случи“. Убаво смислено, а секој нека толкува како му одговара.
Тој им го честита 13-ти мај на сите оние „кои некогаш овој ден го празнувале како Ден на безбедноста“. Знак на внимание, учтивост ... што и да е, може да биде и најава дека полека, од нафталин, ќе почне да се извлекуваат и некои други датум, некогаш, во некој друг режим значајни, за да можат, со посредство на овие љубезни гестови и потсетувања, да бидат календарски рехабилитирани и вратени на мала врата.
Дачиќ лично ја компромитира и врската со скандалот “куфер“, иако Судот утврди дека во овој случај, никој не е виновен за ништо.
Очигледно, дека истата стара стока, денес се пакува во ново пакување, а во некои случаи, оние кои го вршат пакувањето, не се мачат многу околу амбалажата. Како да им е сеедно, што е проѕирна.
И покрај ова, Дачиќ и неговата партија бележат зголемување на популарноста. Од гледна точка на сиромаштијата, бедата и очајот, на некои луѓе, некои полоши времиња им се чинат подобри, а таа фатаморгана, на изборите се преточува во гласови. За жал, лесно се заборава кој, што и како работел.
Како резултат на тоа, СПС на парламентарните избори 2003, освои 7,6 отсто од гласовите (22 места). Дачиќ, како претседателски кандидат (во првиот круг имаше 12 кандидати), беше петти со 3,6 проценти освоени гласови.
На вонредните избори во 2006 година, неговата партија освојува 5,64 отсто од гласовите (16 места). Пред четири години, во коалиција со “Единствена Србија“ и Партијата на обединети пензионери на Србија (ПУПС), добива доверба на 7,58 проценти од гласачите (20 места).
Во мај годинава, оваа коалиција, главно благодарејќи на СПС и Дачиќ, добива 14,51 отсто од гласовите (44 места), а Дачиќ како трето пласиран претседателски кандидат (од вкупно 12, како и пред четири години) освои 14,23 отсто од гласовите.
Доколку од премиерот очекуваме да биде лидер, човек од авторитет, придвижувач, а на Србија на чело на владата и треба човек со капацитет, каков што, на пример, некогаш имаа Анте Марковиќ и Драгослав Аврамовиќ, тогаш Ивица Дачиќ, не може да биде кандидат за таа позиција. Но, политиката е курва, а во Србија се е можно.
This article is Premium Content. In order to gain access to it, please login to your account below if you are already a Premium Subscriber, or subscribe to one of our Premium Content packages.
Our Premium Service gives you full access to all content published on BalkanInsight.com, including analyses, investigations, comments, interviews and more. Choose your subscription today and get unparalleled in-depth coverage of the Western Balkans.
If you have trouble logging in or any other questions regarding you account, please contact us