Вести 13 Jan 17

Србија бара екстрадиција на Харадинај од Франција

Српската влада побара од Франција да го екстрадира во Белград поранешниот командант на Ослободителната војска на Косово (ОВК) и поранешeн премиер, Рамуш Харадинај, за да му се суди по обвиненијата за воени злосторства, и се закани со контрамерки, доколку не биде исполнето ова барање.

Тимот на БИРН
БИРН
Белград
Marko Djuric, the head of Serbian government's Kosovo office, with justice minister Nela Kuburovic. Photo: Beta.

Марко Ѓуриќ, директор на канцеларијата на Владата на Србија за Косово и Метохија, на прес-конференција во петокот изјави дека Белград бара екстрадиција на поранешниот командант на ОВК, Харадинај, кој беше уапсен минатата недела во Франција врз основа на потерница распишана од Србија, која го товари за воени злосторства.

Ѓуриќ, рече дека верува оти Франција ќе ѝ го екстрадира Харадинај на Србија, но додаде дека доколку тоа не се случи, Белград ќе одговори со контрамерки.

„Србија ја информира Франција, дека во согласност со тоа како тие ќе ги третираат потерниците на Интерпол од нашата земја, на ист начин и ние ќе ги третираме француските потерници. Ова се однесува не само на Франција, туку и на Словенија и на Швајцарија, како и на другите земји кои веќе ослободуваа обвинети за слични злосторства, и тоа, според мое длабоко уверување, од политички причини“, рече тој.

„Србија предупредува дека не прифаќа лажна правда, која овозможува злосторства само доколку тоа е во интерес на големите сили“, додаде тој.

За потсетување, Словенија во 2015 година го уапси Харадинај, но одби да го екстрадира во Белград. Минатата година и Швајцарија одби на Србија да ѝ екстрадира двајца поранешни припадници на ОВК, за да им се суди во оваа држава.

Според Ѓуриќ, Харадинај е осомничен за убиство на цивили, вклучувајќи и убиството на бебе старо само две недели, како и за тортура и силување на малолетни лица.

Инаку, Апелацискиот суд во францускиот град Колмар, во четврток го ослободи Харадинај од притвор. Тој, според одлуката на судот, додека властите не донесат одлука по барањето на Србија за негова екстрадиција во оваа земја, ќе мора да остане во Франција и ќе биде ставен под судски надзор.

Харадинај е должен да го предаде својот пасош, да се јавува два пати неделно во француската полиција и да присуствува на судските рочишта на кои ќе се разгледува барањето за екстрадиција во Србија.

Српскиот претседател, Томислав Николиќ, во петокот изјави дека ослободувањето на Харадинај навестува одбивање на барањето за екстрадиција.

„Верувам дека ЕУ им дала таква директива на сите земји членки“, изјави Николиќ за „Вечерње новости“.

Сепак, Милан Петровиќ, раководител на Обвинителството за воени злосторства на Република Србија, во четвртокот за ТВ Н1 изјави дека одлуката на францускиот суд е легална и легитимна, додавајќи дека „не се сомнева“ оти Франција ќе го екстрадира Харадинај во Србија.

Харадинај, кого Хашкиот трибунал досега два пати го ослободи од обвиненијата за воени злосторства, рече дека обвиненијата на Србија се „политички“.

Сепак, српското обвинителство за воени злосторства тврди дека има нови докази за различни злосторства за кои досега Харадинај не бил обвинуван, нагласувајќи дека обвиненијата не се политички мотивирани.

„Ова не е политичка потерница ... бидејќи овде станува збор не само за цивили и оштетени од српска националност, туку и од ромска етничка припадност или албанска националност, кои не ѝ искажале лојалност на ОВК, која била под команда на Рамуш Харадинај во неговата зона Дукаѓин“, рече Петровиќ.

Минатонеделното апсење на Харадинај на францускиот аеродром, предизвика протести на Албанците во и надвор од Косово. Демонстрантите бараа ослободување на Харадинај и го осудија апсењето како политички чин.

Talk about it!

blog comments powered by Disqus

Latest Headlines

News 24 Jul 17

Serbia Urged to Sue NATO, UN over Kosovo Deaths

News 13 Jul 17

US Urged to Pressure Vucic Over Bytyqi Murders

News 21 Jun 17

Serbian ‘Red Berets’ Accused of Bosnia War Crimes

Interview 02 Jun 17

Bosnia’s Top Court Has ‘Wasted’ Resources, Kreho Says

News 25 May 17

Divjak Faces War Crime Charges in Bosnia

News 24 May 17

Bosnia Court Acquits Serbs of Srebrenica Hate Speech

News 24 May 17

US Deports Serb Wanted Over Srebrenica Killings

News 22 May 17

Bosnian Courts Urged to Disperse War Crime Trials

news 19 May 17

Kosovo Serbs Arrested for Daubing Nationalist Graffiti

News 18 May 17

Wartime Rapes of Men Remains Taboo in Bosnia