Вести 26 Oct 15

Славонската соколска гарда присутна на митинзите на хрватската десница

На собирите во рамките на предизборната кампања на Десничарската партија, Хрватски демократски сојуз на Славонија и Барања, ХДССБ, присутна единица на униформирани млади лица, наречена Славонската соколска гарда.

Свен Милекиќ
БИРН
Загреб
Претседателот на ХДССБ Драган Вулин (втор од десно со црвена вратоврска) со Славонската соколска гарда / Фото: Фејсбук

Додека изборната кампања во Хрватска добива на својот интензитет, десничарската ХДССБ наиде на критики за милитаризам, бидејќи на неодамнешните предизборни митинзи на партијата, ја распореди единицата на млади лица во црни униформи, наречена Славонска соколска гарда.

ХДССБ ја опиша Славонската соколска гарда, како „младинска единица за спорт и безбедност“, која се појавува на политичките митинзи заедно со функционерите од партијата, основана од контроверзниот воен генерал, Бранимир Главаш.

Затворската казна на која беше осуден Главаш, за воени злосторства врз српски цивили извршени во Осиек во 1991 година, во јануари беше поништена од хрватскиот Уставен суд и тој сега се соочува со повторно судење. И покрај ова, тој се кандидираше за пратеник во парламентот на претстојните избори.

Минатата недела, Славонската соколска гарда, беше построена пред хрватскиот парламент, додека раководството на партијата ја претставуваше својата листа на кандидати за претстојните избори, што предизвика критики од страна на поборниците за човекови права.

Појавувањето на униформираните млади лица, предизвика реакција на Антифашистичката лига на Хрватска, која побара од властите да „се спротивстават на пренасочувањето на општеството кон фашизмот“.

Припадниците на единицата, пак, за медиумите изјавија дека тие не се националистички паравоени сили.

„Ние не сме никаква паравојска...милитантна единица која претставува закана, а не сме ниту мажоретки или балерини на Главаш“, ја цитира хрватскиот весник „24 сата“, изјавата на 30-годишниот Хрвоје Жаниќ, припадник на единицата.

 
Славонската соколска гарда построена пред хрватскиот Парламент со раководството на ХДССБ

Член на единицата е и Анте Колобариќ, 24-годишен студент по културологија на Универзитетот во Осиек, кој за „24 сата“ вели оти му пречи тоа што членовите на единицата ги нарекуваат фашисти.

„Не сме шовинисти, ние не вршиме дискриминација“, вели тој.

Гардата, прв пат во јавноста беше презентирана во почетокот на октомври, на видео снимка направена на нивната промотивна обука во една спортска сала во Осиек, источна Хрватска, каде што се наоѓа седиштето на партијата.

Главаш лично го надгледувал првиот тренинг, а на првите членови на единицата им посакал добредојде.

„Ви благодарам што имавте храброст да ја облечете оваа униформа и да ѝ се приклучите на Славонската соколска гарда. Ова е почеток на ново време, во кое ќе се брани христијанството и хрватското опстојување на овој историски, национален и државен простор“, изјавил, според „24 сата“, Главаш пред единицата.

Но, гардата веднаш предизвика контроверзии, кога словенечката авангардна музичка група, Лајбах, најави дека ќе поднесе тужба против ХДССБ, заради незаконито користење на една од нивните песни, во промотивното видео за единицата.

„24 сата“ во неделата објави дека раководството на партијата ќе формира „камп за обука“ на единицата, која во моментов има околу 30 членови, а се очекува следниот месец да биде формиран уште еден вод со нови 30 членови.

Освен заради актуелните проблеми со обвиненијата за воени злосторства, Главаш, на насловните страници се најде и на почетокот на оваа година, кога на Фејсбук беше објавена фотографија, на која тој позира со шише со вино, кое на етикетата го има ликот на Адолф Хитлер.

Talk about it!

blog comments powered by Disqus

Latest Headlines

news 28 Apr 17

Kosovo Playwright ‘Threatened by War Veterans’

News 26 Apr 17

Croatian Party Ex-Leader ‘Was Yugoslav Informer’

News 25 Apr 17

Protesting Bosnia War Veterans Block Border Crossings

News 24 Apr 17

Rival Events Commemorate Croatian WWII Camp Victims

news 21 Apr 17

Kosovo MP Haradinaj Faces Ethnic Hatred Lawsuit

Feature 20 Apr 17

Serbia Shortlists Chief War Crimes Prosecutor Candidates

News 20 Apr 17

Bosnian Leaders Row Over Right to Address Troops

News 19 Apr 17

Perkovic Defence Lodges Appeal Before German Court

Background

serb-minority-rights-scripted-out-in-croatia-09-02-2015

Serb Minority Rights Scripted Out in Croatia

The muted response to the Croatian town of Vukovar’s decision to scrap controversial bilingual signs in Latin and Serb Cyrillic script suggests the EU has lost focus on minority rights, analysts claimed.

Croatian Dissident Feared Kidnap by Yugoslav Spies

The trial of Zdravko Mustac and Josip Perkovic, former Yugoslav spy chiefs accused of killing a Croatian émigré, heard that the victim repeatedly told his German lover that he was living in fear.

Subscribe to Our Newsletter