Вести 31 May 12

Сведочење за физичкото малтретирање во Хаџиќи

На судењето за злосторства извршени против босанските Срби во областа Хаџиќи, во близина на Сараево, сведок на обвинителството рече дека во 1992 година, тој бил затвореник во основното училиште во Пазариќ и во воените бараки во Крупа.

Justice Report
БИРН
Сараево

„Беше многу лошо. Стотици пати помислив да ги нападнам чуварите, но така го ризикував сопствениот живот. Тоа беше пекол“, изјави сведокот Василије Круниќ, опишувајќи го неговиот неколкумесечен престој во касарната Крупа.

Тој изјави дека живеел во Пазариќ, кога на 24 мај 1992 година, го одвеле од неговата куќа на друго место каде го претепале, а потоа го вратиле дома. Следниот месец го одвеле во основно училиште во Пазариќ, каде што поминал околу еден месец.

„Влегов во училиштето и видов околу 50 луѓе. Некои беа добро, а некои повредени. Ми рекоа дека биле тепани. Додека престојувавме таму, ние не можевме ниту да ги заплиснеме лицата со вода, ниту да се искапеме. Имавме само еден оброк дневно. Во еден момент осум од нас јадеа од една чинија, со една лажица, во која имаше една црпалка супа“, изјави Круниќ. Тој додаде дека во училиштето не бил тепан.

По еден месец престој во училиштето, сведокот бил преместен во касарната Крупа, каде што останал до 4 ноември 1992 година, кога бил разменет.

За злосторства извршени во касарната Крупа и училиштето “9 мај“ во Пазариќ, обвинети се Мустафа Ѓелиловиќ, Фадил Човиќ, Мирсад Шабиќ, Незир Казиќ, Беќир Хујиќ, Халид Човиќ, Шериф Мешанович и Нермин Калембер.

Во обвинението се наведува дека тие, како претставници на цивилната, воената и полициската власт, во периодот меѓу 1992 и 1996 година, учествувале во систематски злосторнички потфат, со кои извршиле злосторства против цивилите и воените затвореници од српска националност.

Круниќ изјави дека знаел оти управник на затворот во Крупа бил Шериф Мешановиќ. Тој од други затвореници чул дека обвинетиот тепал некого во магацинот, додавајќи дека лично никогаш не го видел тоа.

Според сведокот, сите затвореници во касарната Крупа биле цивили земени од дома и одведени во заробеништво.

„Во Крупа тепањето продолжи. Слушав звуци на тепање и лелекање. Кој сакаше да види Срби, доаѓаше и гледаше. Не проколнуваа и не навредуваа. И во Крупа немаше доволно храна, а спиевме на штици без покривка, без ништо. Не претворија во циркуски страшила“, рече сведокот.

Круниќ додаде дека слушнал оти директор на училиштето во Пазариќ бил Мирсад Шабиќ, кого во неколку наврати го видел во училиштето, како се распрашува за некакво оружје.

Судењето ќе продолжи в среда, на 6 јуни, кога одбраната ќе го испраша Круниќ.

blog comments powered by Disqus

Background

Timeline – Cuska Case

Timeline of events in the case against 13 former Serb fighters charged with committing war crimes in the villages of Cuska, Zahac, Ljubenic and Pavlac in Kosovo in 1999.

Subscribe to Our Newsletter