Вести 12 Feb 13

Сведочење за киднапирањата во Сјеверин

Пред Судот на БиХ, сведок на обвинителството изјави дека во 1992 година, по падот на источниот босански град Вишеград, нејзиниот татко бил киднапиран од автобус.

Justice Report
БИРН
Сараево

На судењето за воени злосторства извршени во Вишеград, сведок, кој на почетокот на војната во 1992 година имала 13 години, изјави дека својот татко за последен пат го видела на 22 октомври 1992.

Тој бил еден од патниците што биле киднапирани додека патувале со автобус од Сјеверин во Србија. По киднапирањето, татко ѝ исчезнал без трага.
 
Џенана Шукиќ изјави дека по враќањето од училиште, мајка ѝ и кажала дека татко ѝ бил киднапиран додека со автобус одел на работа.

„Мајка ми оваа информација ја слушна во вестите на радио. И тоа е сè што знаевме. Во почетокот немавме многу информации, но подоцна луѓето почнаа да зборуваат. Слушнавме дека муслиманите биле киднапирани од автобусот, доведени во Босна и убиени“, рече Шукиќ.

Обвинителот, Аднан Гуламовиќ, на сведокот му покажа фотографии на заробени лица сликани во хотелот “Вилина влас“ во Вишеград, на кои таа го препозна својот татко.

„Тоа е последното нешто што за нив го слушнавме. Дека биле мачени, убиени и фрлени од мостот во Вишеград“, изјави Шукиќ .

Таа додаде дека за време на војната од својата мајка и братучед, слушнала оти за ова биле одговорни Милан Лукиќ и Оливер Крсмановиќ, припадници на парамилитарните единици.

Крсмановиќ е обвинет дека заедно со Милан Лукиќ и некои други лица, учествувал во апсењето на 16 бошњачки цивили од Србија, кои на 22 октомври 1992 година, патувале со автобус во Прибој, општина Рудо.

Тие, наводно, ги одвеле цивилите во хотелот “Вилина влас“, каде што ги тепале со дрвени палки.

Милан Лукиќ од Хашкиот трибунал е осуден на доживотен затвор за злосторства извршени во Вишеград.

Рамиз Чатовиќ беше уште еден сведок на судењето. Тој изјави дека во автобусот бил неговиот 20-годишен син. И покрај тоа што слушнал дека син му бил убиен во шумата во близина на хотелот, неговите останки, рече Чатовиќ, до денес не се пронајдени.

„Мојот Рамахудин замина да работи во Прибој и сега го нема. Нема држава во Европа на која не сум ѝ пишал, молејќи да се најдат овие луѓе. И ништо. Го нема“, рече Чатовиќ.

Тој објасни дека од луѓе разбрал оти за киднапирањето била одговорна групата на Лукиќ.

Судењето ќе продолжи на 19 февруари.

blog comments powered by Disqus

Background

Timeline – Cuska Case

Timeline of events in the case against 13 former Serb fighters charged with committing war crimes in the villages of Cuska, Zahac, Ljubenic and Pavlac in Kosovo in 1999.

Subscribe to Our Newsletter