Судењето на Земир Ковачевиќ, обвинет за воени злосторства во Босански Брод, започна со сведоштва на првите двајца сведоци кои изјавија дека во селото Сијековац во март 1992 година, биле убиени голем број на луѓе, но нагласија дека не знаат кој е одговорен за тоа.
Иван Бризиќ изјави дека во Босански Брод, северна Босна, во 1992 година се појавиле паравоени формации и дека ситуацијата била напната.
„Војниците шетаа пијани, со бушави коси. Нивните униформи беа неуредни и тие пукаа наоколу“, рече Бризиќ.
Конфликтот меѓу Србите од една страна и муслиманите и Хрватите од друга, избувна на 3 март, 1992 година.
Како што изјави истиот сведок: „српските сили се наоѓале 500 метри пред мостот на патот Дервента - Босански Брод“, место кое подоцна станало линија на разграничување.
Во тоа време, според сведокот, бил формиран кризен штаб, како и бригадата на Босански Брод, која имала свој интервенциски одред.
Бризиќ, кој бил избран за претседател на кризниот штаб, изјави дека не знае кој биле членовите на интервенцискиот одред.
На прашањето на обвинителот Дика Омеровиќ дали тој знае што се случувало во Сијековац на 26 Март, 1992 година, сведокот одговори дека тој од медиумите слушнал дека „имало голем број на мртви луѓе“.
„Според една верзија тоа го сториле некои лица кои дојдоа од другата страна на реката, а според другата тоа го направиле групи од Сијековац“, изјави Бризиќ.
Според Босанското државното обвинителство, Ковачевиќ бил член на интервенцискиот одред на првата бригада на Босански Брод, кој во соработка со неидентификувани припадници на Хрватските одбранбени сили, ХОС и Хрватската војска, ХВ, ги извршиле злосторствата во селото Сијековац.
Во обвинението се вели дека Ковачевиќ учествувал во вооружениот напад на селото, каде што, заедно со другите, од куќите во дворовите извел 15 возрасни лица и четири деца, од кој повеќето биле убиени.
Вториот сведок на обвинителство, Сенад Машиќ, кој во 1992 година бил началник на крим полицијата во Босански Брод, рече дека за настаните во Сијековац слушнал од неговите колеги, но дека никој не сторил ништо за да се испита она што навистина се случило.
„Слушнав дека некои луѓе требало да бидат разоружани и дека потоа дошло до судир и пукање. Чув дека имало убиени“, изјави Машиќ.
Сведок изјави дека обвинетиот Ковачевиќ го видел по настаните во Сијековац, во средината на април 1992 година, за време на тенковскиот напад врз селото Горње Колибе.
Продолжението на судењето е закажано за 22 август.
Timeline of events in the case against 13 former Serb fighters charged with committing war crimes in the villages of Cuska, Zahac, Ljubenic and Pavlac in Kosovo in 1999.