Вести 02 Apr 15

Почна судење на босански пратеник обвинет за геноцид во Сребреница

Драгомир Васиќ, поранешен полициски началник, кој беше обвинет за геноцид откако беше изгласан за пратеник во парламентот на ентитетот Република Српска, беше изведен пред судот во Сараево.

Justice Report
БИРН
Сараево
Драгомир Васиќ за време на изборната кампања

Судењето на Васиќ, кој беше избран за пратеник во Народното собрание на Република Српска, на општите избори во октомври минатата година, како кандидат на Српската демократска партија, основана од Радован Караџиќ, започна во четврток пред Судот на Босна и Херцеговина.

Васиќ, во летото 1995 година, бил командант на полицискиот штаб во Зворник и началник на Центарот за јавна безбедност во градот, кога силите на босанските Срби убиле повеќе од 7.000 мажи и момчиња.

Обвинение подигнато против Васиќ, беше причина, некои невладини организации на воените жртви, да побараат забрана, лицата обвинети за вакви злосторства, да бидат именувани на високи функции.

Според обвинението, Васиќ, заедно со уште двајца обвинети, поранешните полицајци Данило Зољиќ и Радомир Пантиќ, помагал во присилното раселување на населението од Сребреница, како и во апсењето и егзекуциите на мажите и момчињате од Братунац, Сребреница и од Зворник.

Обвинителот, Ибро Булиќ, изјави дека за време на операцијата во Сребреница, цивилната полиција ги претресувала бошњачките куќи, помагала во протерувањето на локалните жители од Поточари, чувала заробеници и го обезбедувала нивниот транспорт до местата за привремен притвор и до локациите за егзекуција.

Во обвинението се наведува дека Васиќ бил одговорен за работата на сите полициски сили во Зворник.

„Тој спроведувал контрола над службениците на Центарот за јавна безбедност во Зворник, давал наредби на подредените и обезбедувал техничка поддршка со цел извршување на планот за присилно преселување. Тој не презел никакви мерки за заштита на локалното цивилно население“, изјави Булиќ.

Зољиќ, поранешен командант на специјалната полициска единица на Центарот за јавна безбедност во Зворник и Пантиќ, командант на првата чета на специјалните полициски единици, знаеле за планот и издале наредба да се помогне во негово спроведување, стои во обвинението.

Според обвинението, членовите на првата чета, на 13 јули 1995 година, учествувале во притворањето на машки затвореници на подрачјето на Братунац, кои следниот ден биле стрелани.

Во обвинението се наведува дека припадниците на полицијата од Зворник, ги придружувале заробениците до Козлук, место на кое што потоа биле стрелани и го обезбедувале Домот во Пилица, каде што биле убиени околу 500 лица.

Уште две други лица, Миодраг Јосиповиќ и Бранимир Тешиќ, се обвинети за учество во присилната преселба на цивилното население од Поточари, на 12 и 13 јули, за транспорт и за затворање на повеќе од 1.000 мажи и момчиња, кои подоцна биле убиени во Братунац.

Јосиповиќ е обвинет во својство на началник на Центарот за јавна безбедност во Братунац, а Тешиќ како заменик командир на полициската станица во Братунац.

Одбраната не даде воведна изјава. Најави дека тоа ќе го стори откако обвинителството ќе ги претстави сите свои докази.

„Полицијата и овие луѓе, обвинети во овој случај, не се учесници во здружен злосторнички потфат“, рече Александар Лазаревиќ, адвокат на обвинетиот Васиќ.

„Можно е да имало поединечни ситуации во кои полицајците учествувале, но овие луѓе не можат да биде одговорни за тоа“, додаде тој.

Судењето ќе продолжи на 9 април.

Talk about it!

blog comments powered by Disqus

Latest Headlines

News 25 Apr 12

Zeljko Ivanovic Guilty of Crimes in Srebrenica

News 07 May 12

Bosniaks Want to Change Electoral Law in Srebrenica

News 10 May 12

Bosnian Artist Protests Over Srebrenica Elections

News 14 May 12

Prosecution Wants 155 Years for Genocide

News 15 May 12

Srebrenica Trial: Kos Claims to Feel Remorse

news 23 May 12

Srebrenica Trial: Defence Asks for Lesser Punishment

News 25 May 12

US Extradites a Srebrenica Crimes Suspect

News 25 May 12

Srebrenica: Two Guilty Verdicts for Assisting Genocide

News 28 May 12

Srebrenica Trial: Defendant Feels Remorse

News 29 May 12

Srebrenica Genocide Verdict due Mid June

Background

Srebrenica: Genocide Reconstructed

In July 1995 Srebrenica was shelled and occupied by the Army of Republic of Srpska,VRS, despite being declared a protected area by the United Nations. More than 7,000 people were killed, the victims of genocide.

Ratko Mladic: The Force Behind the Srebrenica Killings

The Bosnian Serb commander’s role in the genocide committed in Srebrenica is described in detail in many indictments and verdicts pronounced before local and international judicial institutions.

The Indictment Against Ratko Mladic

Indictments in 1995 and 2000, further amended in 2002 and 2010, charge the former commander of the Republika Srpska Army with genocide and other crimes.

Ratko Mladic: From Promising Officer to Bloodstained Warlord

When Mladic ordered his army to bomb the people of Sarajevo until they ‘go insane’, he revealed the murderous intentions that would culminate in the Srebrenica massacre.

Subscribe to Our Newsletter