Вести 23 Nov 16

Поранешен шеф на УДБА осуден за убиство на дисидент од Косово

Поранешно официјално лице на југословенската тајна полиција и двајца атентатори, се осудени за убиство на дисидентот Енвер Хадри, косовски Албанец, извршено во Брисел во 1990 година.

Арбен Ќирези
БИРН
Приштина
Енвер Хадри. Фото: T. Хадри/Креатив Комонс

Судот во Брисел во вторник ги осуди Божидар Спасиќ, поранешен шеф за специјални операции на југословенската тајна полиција, УДБА, и Андрија Драшковиќ и Веселин Вукотиќ, членови на српска криминална група, за убиство на активистот за човекови права од Косово, Енвер Хадри, извршено во белгискиот главен град на 25 февруари 1990 година.

Истрагата заклучи дека станува збор за политичко убиство под покровителство на УДБА, која ги искористила двајцата членови на криминалната банда како убијци, објавија белгиските медиуми.

Сите тројца беа осудени во отсуство; се верува дека живеат во Србија. Нивните казни ќе бидат објавени дополнително.

Уште две лица беа осомничени за наводно учество во убиството на Хадри, Андрија Лакониќ и Дарко Асанин, но тие беа убиени во Србија во 90-тите години.

Спасиќ, кој беше осуден за организирање на атентатот на Хадри, е еден од најпознатите оперативци на југословенската тајна полиција, кој работел за тајната служба од 1979 до 1993 година, кога доживеал срцев удар.

Откако се опоравил, отворил приватна детективска агенција, СИА, во Србија, која работи на таен надзор и прислушување сѐ до 2007 година, кога е затворена.

Српската полиција го апси во 1999 година, откако проговорил за политичките убиства извршени за време на режимот на Слободан Милошевиќ. Сепак, случајот против него, по неколку месеци, е отфрлен, а тој добива надомест за преживеаната тортура.

Спасиќ има објавено две книги за неговата работа како член на тајната полиција и отворено зборува за, како што го нарекува, албанскиот тероризам. Денес е во пензија и живее во Србија.

Осудениот убиец Драшковиќ им е познат на српските и другите европски власти како учесник во убиства и разни криминални активности во земјата и во странство.

Беше осуден во 2010 година во Белград на 10 години затвор за убиство на друг криминалец во ресторан во Белград. Ослободен е предвреме, во 2013 година.

Драшковиќ беше обвинет и во Италија, за шверц со цигари, но случајот беше отфрлен.

Хрватската полиција го апси во јуни 2015 година, додека во Хрватска го поминува својот одмор, но откако платил полог од 100.000 евра, му било дозволено да остане во хотелот во Сплит.

Потоа бега во Србија, со цел да ја избегне екстрадицијата во Белгија, каде треба да му се суди под обвинение за убиство на Хадри. Денес официјално се води како лице во бегство.

Вукотиќ, пак, беше уапсен во 2006 година на аеродромот во Мадрид, откако помина 16 години во бегство.

Си-Ен-Ен во тоа време објави дека Вукотиќ бил баран и како потенцијален сведок на судењето на поранешниот југословенски претседател Слободан Милошевиќ пред Хашкиот трибунал, бидејќи се претпоставувало дека имал документи кои го поврзуваат Милошевиќ со различни убиства.

Тој, исто така, беше во бегство и кога беше осуден за убиство на едно лице во ноќен клуб во Црна Гора, но на крајот отслужи осум месеци затвор во Србија, по што беше ослободен поради хуманитарни причини, односно бидејќи, како што официјално беше соопштено, преживеал мозочен удар и поради неопходната операција на срцето што требала да му биде извршена.

Сепак, БИРН во 2011 година откри и објави дека тој бил ослободен поради тоа што се согласил да стане информатор и да обезбеди информации за криминалците од Црна Гора.

Енвер Хадри беше националист и активист за човекови права, кој побегна во Белгија во 1972 година.

Во почетокот беше активен во рамките на националниот отпор на косовските Албанци, а подоцна го формира Комитет за заштита на човековите права во Косово.

По пресудата, семејството на Хадри ги обвини српските власти дека ги штитат виновниците.

„Убијците овој пат не седеа на обвинителната клупа, бидејќи ги штити српската држава, на сите можни начини“, се вели во соопштението на неговата ќерка, Теута Хадри.

Хадри беше убиен неколку дена пред закажаното излагање во Советот за човекови права на ООН во Њујорк, каде што требаше да поднесе извештај за смртта на десетици Албанци, кои беа во рацете на југословенската полиција.

Се претпоставува дека УДБА ликвидирала и други истакнати активисти, косовски Албанци, меѓу кои се и дисидентот, новинарот и пејачот Јусуф Гервала, неговиот брат Бардхош Гервала и политичкиот емигрант Кадри Зека, кои беа убиени во Штутгарт, Германија, во 1982 година.

Talk about it!

blog comments powered by Disqus

Latest Headlines

Vukovar Anniversary 17 Nov 17

Justice Hopes Fade for Victims of Devastated Vukovar

News 14 Nov 17

Four Serbian Men Convicted of Torching US Embassy

news 13 Nov 17

Kosovo Court Upholds Serbian Church’s Right to Land

news 10 Nov 17

Kosovo Aids Families of Macedonia Shootout Convicts

News 07 Nov 17

Republika Srpska Postpones State Judiciary Referendum

News 06 Nov 17

Bosnian Serbs Put Referendum Decision on Ice

News 02 Nov 17

Macedonia Gives Kumanovo Gunmen Heavy Jail Terms

Feature 02 Nov 17

Macedonian Schools Work to Bridge Ethnic Divide

news 01 Nov 17

No War Crimes Evidence Against Kosovo Serb Minister

Background

serb-minority-rights-scripted-out-in-croatia-09-02-2015

Serb Minority Rights Scripted Out in Croatia

The muted response to the Croatian town of Vukovar’s decision to scrap controversial bilingual signs in Latin and Serb Cyrillic script suggests the EU has lost focus on minority rights, analysts claimed.

Croatian Dissident Feared Kidnap by Yugoslav Spies

The trial of Zdravko Mustac and Josip Perkovic, former Yugoslav spy chiefs accused of killing a Croatian émigré, heard that the victim repeatedly told his German lover that he was living in fear.

Subscribe to Our Newsletter