Вести 09 Nov 12

Полицаец од Сараево сведочеше против Младиќ

На судењето на поранешниот воен командант на босанските Срби, Ратко Младиќ, пред Хашкиот трибунал сведочеше полицаец од Сараево кој ги истражувал артилериските и снајперски напади извршени во 1994 и 1995 година.

Justice Report
БИРН
Хаг

Заштитениот сведок на обвинителството, РМ-110, потврди дека резултатите од неговите истражувања покажале дека огнот врз граѓаните бил отворен од териториите контролирани од страна на војската на Република Српска.

Меѓу инцидентите кои сведокот ги истражувал била и експлозијата на  пазарот Маркале, која се случила на 28 август 1995 година, кога, според обвиненијата, од позициите на војската на босанските Срби била исфрлена граната, при што биле убиени 43, а повредени 75 лица.

Полицаецот го истражувал и снајперскиот напад врз еден трамвај, извршен на 8 октомври 1994 година, како и експлозијата на модификувана авионска бомба што на 26 мај, 1994 година, паднала во улицата “Сафет Хаџиќ“.

За време на испитувањето, сведокот објасни дека додека во октомври 1994 година го истражувал нападот врз трамвајот, тој утврдил дека пожарот настанал од оружје со висока огнена моќ.

Со оглед дека тој претходно сведочел и во неколку други судски процеси во Хаг, вклучувајќи го и судењето на поранешниот лидер на босанските Срби, Радован Караџиќ, обвинителството изјавата на сведокот во доказите ја воведе во писмена форма.

Младиќ е обвинет за геноцид во Сребреница и уште седум други општини, за прогон на Бошњаците и Хрватите низ Босна и Херцеговина, за земање на мировници на ООН како заложници и за тероризирање на жителите на Сараево со константно гранатирање и снајперски оган.

Судењето треба да продолжи во понеделник, на 12 ноември, кога одбраната вкрстено ќе го испитува сведокот РM-110.

 

Talk about it!

blog comments powered by Disqus

Latest Headlines

News 23 May 17

Mladic Appeals ICTY Denial of Temporary Release

News 17 May 17

Russia Slams ICTY Decision Not To Release Mladic

News 21 Apr 17

Serbian Court Refuses to Call Mladic to Testify

News 21 Mar 17

Ratko Mladic Asks for Hospital Treatment in Russia

News 04 Jan 17

Croatia Urges Serbia to Return Religious Artefacts

2016 in Review 23 Dec 16

Bosnia: Trials and Votes Deepen Divisions

News 15 Dec 16

Ratko Mladic’s Trial Hears Final Statements

Background

Srebrenica: Genocide Reconstructed

In July 1995 Srebrenica was shelled and occupied by the Army of Republic of Srpska,VRS, despite being declared a protected area by the United Nations. More than 7,000 people were killed, the victims of genocide.

War in Bosnia

Key dates and events in the Bosnia war.

Ratko Mladic: The Force Behind the Srebrenica Killings

The Bosnian Serb commander’s role in the genocide committed in Srebrenica is described in detail in many indictments and verdicts pronounced before local and international judicial institutions.

Subscribe to Our Newsletter