Вести 11 May 12

Обвинителството бара 30 години за Дроњак

Обвинителството во своите завршни зборови нагласи дека Ратко Дроњак, како чувар во затворскиот објект кој се наоѓал во училиштето “Славко Родиќ“ и во логорот Каменица, кај Дрвар, ги измачувал и ги претепувал затворениците, кои ги принудувал и на тешка физичка работа.

Justice Report
БИРН
Сараево

Обвинителот Џемила Беговиќ од Судот на Босна и Херцеговина побара Дроњак да биде осуден на минимум 30 години затвор за злосторства против човештвото, нагласувајќи оти не верува дека постојат олеснителни околности за обвинетиот.

„Тој убивал цивили и дозволувал да бидат убиени. Ги мачел и дозволил да бидат мачени. Овие негови дела траеле од почетокот на војната, до нејзиниот крај“, изјави обвинителот Беговиќ.

Како управник на логорот во Дрвар, Дроњак е обвинет за учество во етничко чистење на несрпското цивилно население и нелегално затворање на бошњачките и хрватските цивили, на територијата на автономниот регион на Краина.

Обвинителот посочи дека во затворскиот центар и во логорот, биле убиени неколку десетици затвореници од несрпска националност и дека телата на дел од нив сè уште не се пронајдени.

„Не само што тој активно учествувал во водење на системот, туку лично учествувал и во тепање на затворениците, во нивна егзекуција во и надвор од логорот, во фрлање на нивните тела во јама за да се прикрие  злосторството“, изјави обвинителот.

Таа цитираше изјави од неколку сведоци, меѓу кои и Драган Родиќ, кој ја призна својата вина, со кои сите тврдеа дека Дроњак, во логорот Каменица, го убил затвореникот Фикрет Бегиќ.

Родиќ, поранешен заменик командант во логорот, кој беше обвинет заедно со Дроњак, минатата година беше осуден на осум години казна затвор.

Обвинителството меѓу другото, Дроњак го смета за одговорен и за смртта на најмалку пет цивили од Кулен Вакуф, кои биле затворени во училиштето “Славко Родиќ“. Јавниот обвинител додаде дека овие жртви сè уште не се пронајдени.

„Со негово одобрување, полицијата дошла и ги претепала, а кон тој чин се приклучиле и стражарите“, изјави обвинителот, цитирајќи го сведоштвото на Родиќ.

Завршните зборови на одбраната, се планирани за 17 мај.

blog comments powered by Disqus

Background

Timeline – Cuska Case

Timeline of events in the case against 13 former Serb fighters charged with committing war crimes in the villages of Cuska, Zahac, Ljubenic and Pavlac in Kosovo in 1999.

Subscribe to Our Newsletter