Вести 01 Feb 13

Лимај: Обвиненијата за мито се само приказни

Адвокатот на некогашниот борец, а подоцна политичар Фатмир Лимај ги исмејува тврдењата дека Лимај илегално потрошил еден милион евра за своја одбрана во судскиот процес во кој беше осомничен за воени злосторства. 

Едона Пеци
Приштина

„Целото обвинението ми изгледа како лошо напишан роман“, изјави за БИРН Томе Гаши, еден од адвокатите на поранешниот командант на Ослободителната војска на Косово, Фатмир Лимај.

Неговата реакција доаѓа откако еден приштински весник објави детали од обвинението против Лимај,  за наводна вмешаност во организиран криминал и корупција додека бил министер за транспорт на Косово, во периодот 2008 - 2010 година.

Лимај е обвинет дека за финансирање на својата одбрана во судскиот процес кој против него беше подигнат минатата година, во кој беше обвинет за воени злосторства извршени во логорот Клечка за време на косовскиот конфликт при крајот на 90-тите, користел средствата собрани на нелегален начин преку организиран криминал.

Како што објави весникот “Коха Диторе“, Лимај за својата одбрана наводно незаконски потрошил еден милион евра.

Имено, во одвоен судски процес пред Хашкиот трибунал во 2005 година, Лимај беше ослободен од обвиненијата за воени злосторства против Србите и Албанците осомничени за соработка со Србија за време на војната на Косово. Кога се врати дома, Лимај беше пречекан како херој.

Тој потоа стана министер за транспорт, но повторно беше обвинет за воени злосторства, овој пат во Приштина.

Во мај минатата година беше повторно ослободен, но обвинителството успешно ја обжали пресудата и предметот беше испратен на повторно судење.

Обвиненијата за корупција, покренати од страна на мисијата на ЕУ за владеење на правото на Косово, формираа посебен случајот против Лимај и се однесуваат на времето кога тој беше министер за транспорт, обвинувајќи го за водење на „криминална група“, по неговото враќање од Хаг.

Неговиот адвокат Гаши вели дека парите за неговата одбрана биле добиени на легален начин, со продажба на земјиште.

„Обвинителот е самиот со себе контрадикторен, бидејќи покренува сомневање за изворот на плаќање на одбраната на Лимај, а потоа вели дека Лимај за 500.000 евра продал парче земјиште, што всушност објаснува од каде се парите“, вели Гаши.

Лимај во моментот ја фрши функцијата заменик-претседател на владејачката Демократска партија на Косово. Неговото судење за корупција ќе продолжи на 7 февруари.

Talk about it!

blog comments powered by Disqus

Background

djurekovic-feared-of-being-kidnapped-by-udba

Croatian Dissident Feared Kidnap by Yugoslav Spies

The trial of Zdravko Mustac and Josip Perkovic, former Yugoslav spy chiefs accused of killing a Croatian émigré, heard that the victim repeatedly told his German lover that he was living in fear.

Subscribe to Our Newsletter