Вести 31 Jan 13

Крв по ѕидовите на логорот Силос

На судењето на осум лица обвинети за злосторства против затворениците, босански Срби, притворени во сараевската населба Хаџиќи, сведок изјави дека го држеле во преполна ќелија и дека го тепале со пиштол.

Justice Report
БИРН
Сараево

Сведок на обвинителството изјави дека во логорот Силос бил заклучен во ќелија со уште 34 Срби и дека неколку дена по неговото пристигнување во логорот, во мај 1992 година, стражарите го нападнале.

„Две лица влегоа во ќелијата и едниот од нив ми рече дека повеќе нема да ја прославувам својата слава“, изјави сведокот Лазар Крстиќ, на судењето во Сараево.

„Кога ме удри со неговата пушка, паднав, а кога си дојдов при себе, видов дека крварам. Погледнав наоколу и видов дека ѕидовите беа прекриени со крв“, рече тој.

Обвинителството на БиХ ги обвини Беќир Хујиќ, Халид Човиќ, Мустафа Ѓелиловиќ, Фадил Човиќ, Мирсад Шабиќ, Незир Казиќ, Шериф Мешановиќ и Нермин Калембер, за злосторства извршени во логорот Силос, касарната Крупа и основното училиште “9 мај“.

Според обвинението, Хујиќ бил управник на Силос, а подоцна на негово место бил поставен Халид Човиќ. Мешановиќ бил еден од замениците на управникот на логорот и управник на логорот Крупа, а другите обвинети биле припадници на полицијата, владата и армијата.

Сведокот рече дека еден од стражарите, еднаш истурил чаша урина од затворениците врз неговата глава.

Тој рече дека за прв пат се избањал четири месеци по доаѓање во логор и дека во првите три месеци затворениците добивале само по еден оброк дневно.

Сведокот изјави дека видел „кога Калембер го удрил затвореникот Јово Крстиќ во препоните“. На прашање на адвокатот на Калембер зошто тој ова не го кажал во изјавата дадена во 2008 година, сведокот рече дека не знае зошто не кажал.

Тој додаде дека во логорот Силос биле затворени од 500 до 600 лица. Меѓу нив и жени.

Судењето ќе продолжи на 7 февруари.

blog comments powered by Disqus

Background

Timeline – Cuska Case

Timeline of events in the case against 13 former Serb fighters charged with committing war crimes in the villages of Cuska, Zahac, Ljubenic and Pavlac in Kosovo in 1999.

Subscribe to Our Newsletter