Вести 15 Nov 16

Затвор за поранешни високи припадници на ОВК заради воени злосторства

Апелацискиот суд на Косово им одреди казна затвор на поранешните високи припадници на Ослободителната војска на Косово (ОВК), Сулејман Селими и Сами Луштаку, заради воени злосторства извршени над цивилни затвореници за време на конфликтот во Косово, во периодот 1998-1999 година, информираа нивните адвокати.

Перпарим Исуфи
БИРН
Приштина
Селими (лево) и Луштаку, во полициски автомобил пред судот во мај 2015. Фото: БИРН.

Апелацискиот суд во Приштина во вторник им одреди казна затвор на двајцата поранешни високи претставници на ОВК, Сулејман Селими и Сами Луштаку, за воени злосторства извршени над цивили, за време на конфликтот во периодот 1998-1999 година, изјавија за БИРН нивните адвокати.

Сулејман Селими, поранешен амбасадор на Приштина во Албанија и поранешен командант на Безбедносните сили на Косово, беше осуден за мачење на цивилен затвореник, во импровизираниот логор на ОВК во селото Ликовац, општина Србица/Скендерај, во 1998 и почетокот на 1999 година.

Неговиот адвокат, Томе Гаши, изјави дека на Селими, во жалбената постапка, казната му била намалена на пет години и три месеци затвор.

Селими минатиот месец во друг предмет беше осуден за воени злосторства и заедно со оваа казна, зад решетки вкупно ќе биде десет години, рече Гаши.

Луштаку, актуелен градоначалник на Србица/Скендерај, во жалбената постапка беше ослободен од обвинението за убиство.

Тој, сепак, беше осуден за „командна одговорност заради повреда на телесниот интегритет и здравјето на неодреден број цивили од албанска националност, затворени во центарот за притвор во Ликовац, рече неговиот адвокат, Аријан Коци. Тој во првостепената постапка беше ослободен од обвиненијата.

Казната на Луштаку му беше намалена од 12 на седум години затвор.

Апелацискиот суд сѐ уште не ја потврдил пресудата, но адвокатите веќе најавија жалба до Врховниот суд.

„Пресудата е скандалозна, а одлуката е донесена без никакви докази. Сите обвинети се осудени врз основа на сведочење на еден заштитен сведок чии ментални проблеми беа потврдени за време на судењето“, рече Гаши.

Се очекува оваа одлука да иницира предвремени избори во општината во која Луштаку е градоначалник, бидејќи тој сега ќе го пропушти остатокот од својот мандат, кој завршува на крајот на следната година.

Луштаку и Селими беа членови на оперативната група на ОВК, позната како „Дреничка група“, од која што, по војната, произлегоа бројни политички лидери на Косово, вклучувајќи го и сегашниот претседател, Хашим Тачи.

Нивното судење беше проследено со протести против гонењето на поранешните борци на ОВК, како и со бегство на тројца од обвинетите од затвор.

Talk about it!

blog comments powered by Disqus

Latest Headlines

News 20 Sep 17

Yugoslav Army ‘Armed Serb Forces in Croatia’

News 20 Sep 17

Vojislav Seselj Rejects Warning From Hague Tribunal

News 19 Sep 17

Serbia’s ‘Red Berets’ Accused of Croatia Crimes

News 14 Sep 17

Serbian State Security Chief Denies Controlling Arkan

News 14 Sep 17

Croatian Serbs Tried for Burning Village Homes