Вести 27 Mar 12

Жените во црно го добија судскиот спор

Државата ги прекршила основните права на невладината организација, пресуди во понеделникот Уставниот суд на Србија.

Марија Ристиќ
БИРН
Белград

Според одлуката на Уставниот суд, со забраната за собир на здружението “Жени во црно“ во 2008 година, српските власти ги прекршиле нивните права за слобода на собирање, правото на фер судење во разумен рок и правото на ефикасен правен лек.

На 8 март 2008 година, без објаснување, белградската полицијата го забрани собирот наречен “Сто години борба“ во организација на “Жените во црно“, антивоена организација за мир.

За време на судскиот процес, претставниците на полицијата изјави дека „собирот бил забранет бидејќи во Белград, во тоа време, се случувале голем број на спортски, културни и други настани. Неформалниот собир би можел да резултира со загрозување на имотот и безбедноста на насобраните луѓе“.

Сепак, полицијата им дозволила на други граѓански организации како што се “Сигурна куќа“ и форумот на жените на Демократската партија, на 8 Март, да се соберат во центарот на Белград.

„Одлуката да се забрани собирот на бранителите на човековите права беше произволна одлука донесена врз основа на политички мотиви“, велат правниците на Комитетот за човекови права, ЈУКОМ, кое го  претставува здружението.

Здружението “Жени во црно“ е основано во октомври 1991 година, на почетокот на распадот на поранешна Југославија. Нивната цел беше создавање на видлив ненасилен отпор кон милитаризмот, војната, сексизмот и национализмот.

Тие особено беа активни за време на конфликтите во регионот во 90-тите, борејќи се за правата на жртвите и застапување на вистината и помирувањето.

Неодамна тие беа во центарот на вниманието на медиумите, кога  протестираа против новоизградениот споменик на жртвите на војните во 90-тите.

Здружението тврди дека властите во Белград, со споменикот ги изедначиле „жртвите и бранителите на татковината од 1990 до 1999 со сторителите на воени злосторства“.

Talk about it!

blog comments powered by Disqus

Latest Headlines

News 12 Sep 17

Bosnia Urged to Accelerate Wartime Rape Prosecutions

Feature 30 Jun 17

Bosnian Clerics Unite to Condemn Wartime Sexual Violence

Interview 22 Jun 17

Wartime Sexual Crimes: A Challenge for Balkan Prosecutors

Interview 11 Apr 17

War Justice Strategy for Kosovo Undermined by Divisions

NEWS 13 Mar 17

Bosnia Accused of Failing Wartime Rape Victims

Feature 20 Oct 16

Bosnian War Rape Victims Rue Lost Motherhood

News 09 Sep 16

Bosnian War Rape Victims Struggle for Compensation

News 09 Jun 16

Bosnian Serb Convict Fails to Compensate Rape Victim

Interview 06 Jun 16

How a Dress Display Broke Wartime Rape Taboos