Вести 21 Mar 16

Дуголи ја критикуваше Србија по ослободувањето од Македонија

Македонија во текот на викендот го ослободи од притвор поранешниот припадник на Ослободителната војска на Косово (ОВК), Гафур Дуголи, кој беше уапсен по барање на Србија, која го товари за воени злосторства. Тој рече дека тврдењата на Белград се лаги.

Петрит Чолаку
БИРН
Приштина
Гафур Дуголи / Фото: Фејсбук.

Гафур Дуголи, за БИРН во понеделник изјави дека е војник, а не воен злосторник и дека потерницата издадена од Србија, што доведе до неговото апсење во Македонија, се базира на лаги.

„Случајот е изградена врз основа на клевета. Јас бев војник, кој се бореше против војници“, рече Дуголи.

„Имам чиста совест и немам причина да бидам загрижен во врска со обвинувањата“, додаде тој.

Дуголи, актуелен шеф на протокол во Министерството на безбедносните сили на Косово, беше ослободен во сабота, откако помина осум дена во притвор во Скопје.

Македонската полиција го уапси Дуголи на 11 март, на границата со Косово, врз основа на потерница на Интерпол, а по барање на Србија, која го обвинува за воени злосторства извршени за време на војната во Косово.

Тој рече дека е чудно што македонските власти го уапсиле, затоа што Македонија ја признала независноста на Косово.

„Косово се соочуваа со овој проблем, поради тоа што не е членка на Интерпол, но мора да се најде начин да се избегнат ваквите апсења во иднина“, рече Дуголи.

„Косово треба да разговара за ова прашање со земјите во регионот, особено со соседните земји кои не признаа“, додаде тој.

Според српските полициски досиеја, Дуголи е осомничен за учество во убиства и малтретирање на Срби во четири логори во Клечка и Лопушник во 1998 година. Некои од овие злосторства беа процесирани во судот на ООН во Хаг, иако самиот Дуголи не беше обвинет.

Меѓу обвинетите беше и Фатмир Лимај, опозициски политичар, по кого, исто како и по Дуголи, беше распишана потерница.

Лимај беше обвинет за злосторства против човештвото и воени злосторства извршени во 1998 година во логорот на ОВК, Лапушник.

Хашкото обвинителство тврдеше дека Лимај е одговорен за убиство на повеќе од 30 лица во логорот.

Сепак, Лимај беше ослободен од обвиненијата.

Talk about it!

blog comments powered by Disqus

Latest Headlines

News 20 Mar 17

Montenegrin Officer Held for War Crimes in Croatia

News 04 Mar 17

Kosovo Protesters Urge France to Free Ex-PM Haradinaj

News 20 Feb 17

Kosovo Asks Interpol to Cancel Serbian Warrants

news 15 Feb 17

Kosovo Confirms Arrest Warrants for 57 Serbians

interview 13 Feb 17

America’s Hidden Bosnian War Criminals Face Determined Foe