Вести 24 Nov 16

Доживотен затвор за убиството на косовскиот дисидент Енвер Хадри

Белгискиот суд им одреди казна доживотен затвор на поранешниот функционер на југословенската тајна полиција и двајцата атентатори, кои беа осудени за убиство на дисидентот Енвер Хадри, косовски Албанец, извршено во Брисел во 1990 година.

Дие Морина
БИРН
Приштина, Белград
Гробот на Енвер Хадри. Фото: Т. Хадри; Креатив Комонс

Судот во Брисел гу осуди во среда, Божидар Спасиќ, поранешен шеф за специјални операции на југословенската тајна полиција, УДБА, и Андрија Драшковиќ и Веселин Вукотиќ, членови на српска криминална група, на казна доживотен затвор за убиство на активистот за човекови права од Косово, Енвер Хадри.

Спасиќ го организирал убиството, а Драшковиќ и Вукотиќ го извршиле, се вели во пресудата, која што беше објавена еден ден пред изрекувањето на казните.

Хадри, претседател на Комитетот за заштита на човековите права во Косово, е убиен во Брисел на 25 февруари 1990 година, додека со неговиот автомобил стоел на семафор.

Сите тројца беа судени и осудени во отсуство, бидејќи живеат во Србија.

Спасиќ е добро познат во Србија. Тој има напишано две книги за неговата работа како шеф во тајната полиција. За медиумите во Белград изјави дека официјално не бил известен за одлуката.

„Не знам за што сум осуден, ниту пак на колку години, но со оглед дека наведуваат дека сум организатор, претпоставував дека сум осуден на доживотен затвор, немам поим“, изјави Божидар Спасиќ за ТВ Н1 во средата.

Адвокатот на Вукотиќ, Зденко Томановиќ, за оваа телевизија изјави дека неговиот клиент не бил во можност да се брани пред судот во Брисел и да го докаже „непостоењето и незаконитоста на собраните докази“, затоа што не му е дозволено да ја напушти Србија, бидејќи е во куќен притвор.

Вукотиќ е обвинет за убиство на едно лице во ноќен клуб во Црна Гора. Тој осум месеци беше во затвор во Србија, од каде беше ослободен поради хуманитарни причини. Сепак, БИРН во 2011 година откри и објави дека тој бил ослободен поради тоа што се согласил да стане информатор и да обезбеди информации за криминалците од Црна Гора.

Адвокатот на Драшковиќ, за српскиот портал Крик, изјави дека, ако пресудата биде потврдена, ќе се жали до Европскиот суд за човекови права во Стразбур.

Драшковиќ беше осуден во 2010 година во Белград на 10 години затвор за убиство на друг криминалец во ресторан во Белград. Ослободен е предвреме, по само три години поминати во затвор.

Енвер Хадри беше националист и активист за човекови права, кој побегна во Белгија во 1972 година.

Во почетокот беше активен во рамките на националниот отпор на косовските Албанци, а подоцна го формира Комитетот за заштита на човековите права во Косово, кој собираше податоци за угнетувањето на Албанците, од страна на југословенските безбедносни сили.

Хадри беше убиен неколку дена пред закажаното излагање во Советот за човекови права на ООН во Њујорк, каде што требаше да поднесе извештај за смртта на десетици Албанци, кои беа во рацете на југословенската полиција.

Неговата ќерка, Теута Хадри, во средата изјави дека доживотниот затвор во исто време е и осуда за Србија, која таа ја обвини за заштита на убијците на нејзиниот татко.

„Четвртина век српските власти прават сѐ што можат за да не се реши убиството на Енвер Хадри, а сторителите да не бидат казнети“, рече таа.

Уште две лица беа осомничени за наводно учество во убиството на Хадри, Андрија Лакониќ и Дарко Асанин, но тие беа убиени во Србија во 90-тите години.

Talk about it!

blog comments powered by Disqus

Latest Headlines

Vukovar Anniversary 17 Nov 17

Justice Hopes Fade for Victims of Devastated Vukovar

News 14 Nov 17

Four Serbian Men Convicted of Torching US Embassy

news 13 Nov 17

Kosovo Court Upholds Serbian Church’s Right to Land

news 10 Nov 17

Kosovo Aids Families of Macedonia Shootout Convicts

News 07 Nov 17

Republika Srpska Postpones State Judiciary Referendum

News 06 Nov 17

Bosnian Serbs Put Referendum Decision on Ice

News 02 Nov 17

Macedonia Gives Kumanovo Gunmen Heavy Jail Terms

Feature 02 Nov 17

Macedonian Schools Work to Bridge Ethnic Divide

news 01 Nov 17

No War Crimes Evidence Against Kosovo Serb Minister

Background

serb-minority-rights-scripted-out-in-croatia-09-02-2015

Serb Minority Rights Scripted Out in Croatia

The muted response to the Croatian town of Vukovar’s decision to scrap controversial bilingual signs in Latin and Serb Cyrillic script suggests the EU has lost focus on minority rights, analysts claimed.

Croatian Dissident Feared Kidnap by Yugoslav Spies

The trial of Zdravko Mustac and Josip Perkovic, former Yugoslav spy chiefs accused of killing a Croatian émigré, heard that the victim repeatedly told his German lover that he was living in fear.

Subscribe to Our Newsletter