Вести 13 Mar 15

Босанските Срби против одлуката да не се отвори истрага против Џаферовиќ

Здруженијата на воени жртви на босанските Срби, ја осудија одлуката на Обвинителството на Босна и Херцеговина, да не отвори истрага за воени злосторства против новиот претседател на Претставничкиот дом на Парламентот на БиХ, Шефик Џаферовиќ.

Денис Џидиќ
БИРН
Сараево
Шефик Џаферовиќ / Фото: Парламент на БиХ
Борис Грубешиќ, портпарол на босанското обвинителство, во четвртокот изјави дека одлуката да не се поведе истрага против Џаферовиќ, е донесена по разгледување на илјадници воени и полициски документи. Ова предизвика револт кај здруженијата на жртви и политичарите од Република Српска, РС, кои поради ова ги бојкотираат парламентарните седници.

Документите за наводни воени злосторства, извршени против српски цивили во Возуќа, во близина на Завидовиќи, беа испратени до обвинителството, како дел од кривичната пријава поднесена од страна на Мирсад Кебо, поранешен сопартиец на Џаферовиќ, од Партијата за демократска акција, СДА.

Џаферовиќ, кој во конфликтот 1992-1995, бил полициски командант во градот Зеница, ги отфрли тврдењата дека не ги пријавил воените злосторства што ги извршиле  бошњачките сили над Србите.

Грубешиќ изјави дека била донесена одлука, да не се поведе истрага ниту за наводите за воени злосторства против поранешниот командант на Третиот корпус на босанската армија, Сакиб Махмуљин.

Кебо, кој во средината на јануари му ги достави документите на босанското обвинителство, за медиумите изјави дека ќе поднесе жалба на одлуката.

„Не верувам дека можеле да разгледаат илјадници документи во толку краток период. Документите зборуваат за комплексни односи и ова треба да биде проучено. Се сомневам дека обвинителот воопшто ги погледнал“, рече Кебо.

Додаде дека се плаши оти оваа одлука е резултат на политички притисоци.

Здруженијата на воени жртви од РС, ја осудија одлуката. Здружението на поранешни логорски затвореници на РС, покрена иницијатива „за преиспитување на улогата на босанскиот државен суд и обвинителство“.

„Овие институции не придонесоа за еднаквоста, ниту пак за изградбата на доверба во законот. Бројот на случаи за воени злосторства против Србите, во голема мера, зборува за работата на овие институции“, се вели во соопштението.

Пратениците на владеачката партија на босанските Срби, Сојузот на независни  социјалдемократи, СНСД, од почетокот на оваа година, ги бојкотираат парламентарните седници, и го повикаа Џаферовиќ да се повлече, заради неговата наводна поврзаност со воените злосторства.

Сепак, предлогот, на дневен ред на парламентарна седница да се стави смената на Џаферовиќ, не беше усвоен, бидејќи за него, освен СНСД, гласаше само уште една партија.

Сташа Кошарац, пратеник на СНСД, рече дека е јасно оти босанското обвинителство ја донело одлуката, уште пред да ги разгледа документите што им ги доставил Кебо.

„Одлуката покажува дека обвинителството е под влијание на надворешни фактори", рече Кошарац.

Џаферовиќ соопшти дека е задоволен од одлуката. Тврдењата за воени злосторства против него се „гнасна лага“, нагласи тој.

Talk about it!

blog comments powered by Disqus

Latest Headlines

News 02 Mar 17

Croatia to Review Use of Fascist, Communist Symbols

feature 01 Mar 17

Independence Day Events Expose Bosnia’s Deep Divide

news 28 Feb 17

Podgorica Rejects Bid to Censure Croatian Ex-President

News 27 Feb 17

Bosnian Serb Lawmakers Slam Genocide Lawsuit

News 27 Feb 17

US Condemns Croatian Neo-Nazi March for Trump

Analysis 27 Feb 17

Bosnian Serbs Mull Retaliation for Genocide Case Appeal

NEWS 23 Feb 17

Bosnia Requests Appeal in Serbia Genocide Case

news 23 Feb 17

Kosovo Mulls Renewed Bid to Join UNESCO

Background

serb-minority-rights-scripted-out-in-croatia-09-02-2015

Serb Minority Rights Scripted Out in Croatia

The muted response to the Croatian town of Vukovar’s decision to scrap controversial bilingual signs in Latin and Serb Cyrillic script suggests the EU has lost focus on minority rights, analysts claimed.

Croatian Dissident Feared Kidnap by Yugoslav Spies

The trial of Zdravko Mustac and Josip Perkovic, former Yugoslav spy chiefs accused of killing a Croatian émigré, heard that the victim repeatedly told his German lover that he was living in fear.

Subscribe to Our Newsletter