Вести 08 Nov 16

БиХ: Заради Абдиќ заминаа од свеченото доделување на мандатите

Новоизбраните градоначалници од Унско-Санскиот Кантон (УНК), во знак на протест, кога му беше доделуван мандатот на воениот злосторник, Фикрет Абдиќ, кој беше избран за градоначалник на Велика Кладуша, ја напуштија церемонијата на доделување на мандатите.

Еленор Роуз
БИРН
Сараево
Фикрет Абдиќ дава изјава за медиумите во Сараево. Фото: БИРН; Еленор Роуз

Новиот градоначалник на Велика Кладуша, Фикрет Абдиќ, кој служеше затворска казна за воени злосторства, предизвика контроверзии во вторникот, кога за прв пат, по 23 години, го посети Сараево, каде што му беше врачено уверениети за добиениот мандат.

За време на церемонијата, кога уверението требаше да му биде врачено, дел од присутните почнаа да аплаудираат, додека градоначелниците на УСК, во кој спаѓа и Велика Кладуша и каде Абдиќ ги извршил злосторствата, излегоа од салата.

Абдиќ, кој десетина години помина во затвор, откако Хрватска го осуди за воени злосторства извршени врз Бошњаците, на локалните избори на 2 октомври, со 48 отсто од гласовите, стана градоначалник на Велика Кладуша.

Тој беше меѓу оние кои на церемонијата во Парламентарното собрание во Сараево, каде Централната изборна комисија ги доделуваше мандатите, пристигнаа меѓу последните, а бројните новинари се туркаа за да разговараат со него.

Абдиќ кратко коментираше дека ќе биде одличен градоначелник и најави дека наскоро ќе биде промовирана неговата нова книга.

После тоа, рече тој, ќе биде отворен за дискусија, и додаде: „Мислам дека нема да има прашање, кое вие можеби би сакале да го поставите, а кое нема да биде одговорено во книгата“.

Градоначалникот на Кључ, Неџад Зукановиќ, за интернет порталот кlix.ba изјави дека тие ја напуштиле церемонијата, бидејќи со овој чин сакале да испратат јасна порака дека воените злосторници не можат да бидат избрани за градоначалници.

„Ние мора да го промениме законот, за да не ни се повтори слична ситуација следната година“, рече тој и додаде: „Не сакаме да седиме во иста сала со воени злосторници“.

Градоначалникот на Босанска Крупа, Армин Халитовиќ, за телевизијата Н1 изјави дека градоначалниците на УСК се согласиле да протестираат на овој начин и оти тој „не знае какви ќе бидат односите со општината Велика Кладуша во иднина“.

76-годишниот Абдиќ, кој во 2012 година беше ослободен од затвор, за време на војната 1992-1995 година, се бореше против властите во Сараево и беше на чело на Автономната покраина Западна Босна, АПЗБ, самопрогласена државичка во БиХ.

Додека ја водеше АПЗБ, Абдиќ се бореше против Бошњаците лојални на владата во Сараево и соработуваше со српските и хрватските сили. Во АПЗБ беа формирани неколку логори во кои бea извршени воени злосторства врз притворените припадници на босанската армија.

Пред војната, Абдиќ беше директор на фирмата Агрокомерц, со седиште во Велика Кладуша, која вработуваше 13.000 лица и беше една од најуспешните земјоделски компании во поранешна Југославија. Поради успехот во бизнисот, Абдиќ уживаше силна локална поддршка.

Граѓаните на Сараево имаа различни мислења во врска со присуството на Абдиќ во градот.

Џенан Ужичанин, 24-годишен студент, за БИРН изјави дека неговата посета е „лоша за земјата и лоша за Сараево“, додавајќи дека поради тоа што бил осуден за воени злосторства, не треба да му се дозволи да биде градоначалник.

„Сепак, јас не мислам дека тоа е лошо за него. Мислам дека тој ужива во ова“, додаде тој.

Од друга страна, Ивана Сардиќ, 35-годишна државна службеничка, вели дека сето ова, како и обично, ѝ наликува на бизнис.

„Тоа е секогаш така“, вели таа, истакнувајќи дека сите политичари создаваат етнички наративи кога сакаат да бидат избрани и оти сите се однесуваат на ист начин.

„Еден ден (на пример) велат една работа во врска со Република Српска, а веќе следниот ден сите се согласни околу нешто друго“, заклучи таа.

Talk about it!

blog comments powered by Disqus

Latest Headlines

News 23 Jun 17

Serb Woman’s Case Upsets Trump Immigration Policy

News 19 Jun 17

Bosnian Kindergarten Overcomes Ethnic Divisions

Comment 19 Jun 17

Aleksandar Vucic’s Broken Promises to America

News 16 Jun 17

Bosnian MP Pushes Genocide Denial Legislation

News 14 Jun 17

Bosnian Genocide Denial Punishment Law Angers Serbs

News 14 Jun 17

Bosnian Capital Braces for New Veterans' Protests

Background

serb-minority-rights-scripted-out-in-croatia-09-02-2015

Serb Minority Rights Scripted Out in Croatia

The muted response to the Croatian town of Vukovar’s decision to scrap controversial bilingual signs in Latin and Serb Cyrillic script suggests the EU has lost focus on minority rights, analysts claimed.

Croatian Dissident Feared Kidnap by Yugoslav Spies

The trial of Zdravko Mustac and Josip Perkovic, former Yugoslav spy chiefs accused of killing a Croatian émigré, heard that the victim repeatedly told his German lover that he was living in fear.

Subscribe to Our Newsletter