Вести 24 Nov 15

Американски документи го покажуваат неуспехот на Запад во Сребреница

Архивот на националната безбедност на САД, објави документи во кои се наоѓаат детали за неуспехот на ООН и на меѓународната заедница, да преземат акција за спречување на масакрите во Сребреница во јули 1995 година.

Денис Џидиќ
БИРН
Сараево
Мировници на ООН и бегалци во Сребреница

Архивот на националната безбедност, соопшти дека документите објавени во понеделникот, покажуваат дека „меѓународната пасивност [и] немањето поддршка за мировниците, ја осудиле на пропаст Сребреница пред 20 години“.

Архивот нагласи дека документите покажуваат оти изостанатиот одговор на ООН и на меѓународната заедница, на првичниот напад на Војската на Република Српска, ВРС, на „безбедносната област“ на ООН, Сребреница, бил еден од клучните фактори што овозможиле да се случат убиствата на илјадници бошњачки мажи и момчиња, во деновите по падот на енклавата, на 11 јули 1995 година.

„Документите покажуваат дека геноцидот во Сребреница претставува дебакл за меѓународните мировници и пресвртна точка кон пожестока интервенција, која кулминира со Дејтонскиот договор кој стави крај на Балканските војни“, вели Архивот.

Документите покажуваат дека иако командантот на ВРС, Ратко Младиќ, на 2 јули сакал само да „ги потисне“ мировниците на ООН и Бошњаците од Сребреница, за една недела, била издадена наредба за заземање на енклавата, бидејќи, според Архивот за национална безбедност, не бил пружен отпор.

Документите, според Архивот, докажуваат дека официјалните претставници на ООН, како специјалниот претставник на генералниот секретар, Јасуши Акаши и генералите на земјите членки на ООН, одбиле да им се спротивстават на нападите на босанските Срби и повеќе од една година пред денот на Сребреница, да спроведат воздушните напади.

Документите покажуваат дека командата на ООН, пред падот на енклавата, на 6 јули 1995 година, го одбила барањата на холандските мировници „за воздушни напади“ и дека одобриле само мал напад на 11 јули, кој не ја спречил војската на босанските Срби.

Дел од причината за неактивноста, сугерира документот, се јасните стратешки поделби меѓу САД, Велика Британија и Франција, околу тоа што да се направи во врска со конфликтот во Босна и Херцеговина.

Документите, во најголем дел, се од Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија, додека останатите се од Националниот универзитет за одбрана во САД, библиотеката Клинтон и француски парламентарни извештаи.

Постојат и планови на босанските Срби, како и документи на ООН, кои ја покажуваат комуникацијата од теренот кон командните центри.

Тие се дел од брифинг книгата, направена за конференцијата која во јуни ја организираа Меморијалниот музеј на холокаустот во САД и Институтот за глобална правда од Хаг.

Оваа година, новинарката Флоренс Хартман, исто така, објави книга во која тврди дека САД и европските влади знаеле дека силите на босанските Срби планираат да ја заземат Сребреница, но не направиле ништо за да го спречат тоа.

Хартман, во јули, во интервју за БИРН, изјави дека нејзиното истражување покажало дека француски, британски и американски официјални лица, неколку недели пред масакрот во Сребреница, знаеле дека трупите на босанските Срби планираат да ја нападнат „безбедносната зона“.

Западните влади решиле да не го спречат нападот на босанските Срби, туку да го искористат за создавање на моментум за мировните напори, кои до тој момент не успеале да стават крај на тригодишната војна, тврди таа.

„Сребреница ја плати цената за мир“, рече таа.

Откако во јули 1995 година, силите на босанските Срби ја нападнаа Сребреница, биле убиени повеќе од 7.000 бошњачки мажи и момчиња и протерани повеќе од 40.000 жени, деца и постари лица. Злосторствата, од меѓународните и домашни судови, се дефинирани како геноцид.

На Ратко Младиќ во моментов му се суди во Хаг, за наводен геноцид и други злосторства.

Talk about it!

blog comments powered by Disqus

Latest Headlines

News 10 Jul 07

Del Ponte Praises Bosnia for 'Good' Cooperation

Analysis 18 Sep 07

Truth Commission Divides Bosnia

News 08 Nov 07

Srebrenica Trial Opens in Bosnia

News 28 Nov 07

Srebrenica Suit Gets Go-ahead

Analysis 10 Dec 07

Hague Court Acquits Serbia of Genocide

Analysis 10 Dec 07

No Consensus on Srebrenica Aid Bid

Investigation 10 Dec 07

JUSTICE REPORT INVESTIGATION: Srebrenica Suspect is an RS Official

News 16 Jan 08

Srebrenica Report Sent to RS Police

Analysis 24 Jan 08

Bosnians Consider Del Ponte Legacy

News 25 Mar 08

Bosnia Victims Urge Montenegro Leader Talks

Background

Srebrenica: Genocide Reconstructed

In July 1995 Srebrenica was shelled and occupied by the Army of Republic of Srpska,VRS, despite being declared a protected area by the United Nations. More than 7,000 people were killed, the victims of genocide.

Ratko Mladic: The Force Behind the Srebrenica Killings

The Bosnian Serb commander’s role in the genocide committed in Srebrenica is described in detail in many indictments and verdicts pronounced before local and international judicial institutions.

The Indictment Against Ratko Mladic

Indictments in 1995 and 2000, further amended in 2002 and 2010, charge the former commander of the Republika Srpska Army with genocide and other crimes.

Ratko Mladic: From Promising Officer to Bloodstained Warlord

When Mladic ordered his army to bomb the people of Sarajevo until they ‘go insane’, he revealed the murderous intentions that would culminate in the Srebrenica massacre.

Subscribe to Our Newsletter